Јас се извинувам што до сега не напишав ништо, ама ми излезе еден проблем. Малечката ми фати некој бронхит и цело време кога и да решам нешто да напишам, а обично тоа го правам од мојот моб. тел. заради икс причини не сум во можност или да ги испратам постовите или да ја допишам пораката, па послем тоа ќе ми се изгуби или слично. Еве и пред малце ми се случи истото, само што ја напишав пораката и тоа повторно на мобилниот, таман да ја испратам ми се јави мајка ми, да ме праша како е ќерка ми и повторно ми се изгуби целава порака. Па еве седнав на компјутер со страв дека некое од децата ке дојде да ми го земе компјутерот.
Што се однесува до 6000, како што веќе напишавте ми треба имено заради премотувањето на конец, а што се однесува до потполнки, воопшто не ги поштувам, па заради тоа ме интересираше дали е можно да се стави на 12000. Нејзе ја користам обично на комерцијални води каде што не мора далеку да се исфрла конец, кои што во моментов многу почесто ги посетувам, поради моите 3,5 годишни близначиња, коишто сеуште имаат големи прохтеви и побарувања и не сум во можност долго да поминувам на вода, па затоа 6000 ми е измислена за во моментот.
Иначе веќе подолго време ги имам shimano ultegra 10000 xsa и сум презадоволен од машинките. Пред неколку дена си купив уште една ама 12000, и затоа ме интересираше дали таа комбинација е возможна. Јас пробам и ја ставив 6000, ама се плашев да не зезнам нешто, па затоа го поставив прашањето.
А што се однесува до цената на 6000, би ми одговарала таа цена за тоа задоволство, Само ако може да ми кажете каде можам да ја купам.
Уште еднаш ви се извинувам на сите, и би ве замолил и во иднина ако не одговорам одма, имјте трпение, не е заради тоа што не сакам да одговорам, него имам некој сличен проблем.
Поздрав Jovica75 _________________ ТАПА СИ Е ТАПА
|