Кривични за 10 лица поради незаконит риболов во Преспанско Езеро... Извор: Дневник
Министерството за внатрешни работи, во содејство со инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера (21.05.) во времето од 02.00 до 16.00 часот по претходно изготвен план, спроведе активности и разоткри сторители на „незаконит риболов“ во водите на Преспанското Езеро.
При тоа, врз основа на обезбедените материјални докази, се наведува, Министерството за внатрешни работи ќе поднесе пет кривични пријави против 10 лица - М.Т. (23) Б.Ѓ (42) Т.М. (31), С.Џ. (31) сите од село Љубојно, потоа В.Ш. (37) и А.С. (37) од село Наколец, Е.П. (77) од село Штрбово, С.М. (54) од село Долно Дупени, Н. Г. (30) од Скопје и П.М. (42) од село Штрбово, кој во моментов не и е достапен на полицијата, а поради основано сомнение дека сториле кривично дело „незаконит риболов“.
Против други пет лица - Ј.А., Ј.З., И.С. и Н.Р. сите од село Наколец, како и против непознато лице, од страна на Државниот инспекторат за земјоделство ќе бидат поднесени прекршочни пријави, а целата запленета опрема и алат ќе биде предаден на Агенцијата за одземен имот од Скопје.
Како што појаснува МВР во соопштението, акцијата беше реализирана на копно, но и во водите на Преспанското езеро на потегот помеѓу селата Долно Дупени и Наколец. Според сознанијата со кои што располагаше Министерството во услови кога Езерото е без концесионер, лица од регионот на Преспа, спротивно на законот со различен риболовен алат, мрежи, недозволени средства, влакови, оски, харпуни, вршеле нелегален излов на риба од Преспанското Езеро.
Исто така, сознанијата биле дека истите лица поседувале импровизирани складишта за алатот, како и фрижидери со свежа и замрзната риба што илегално била пуштана во промет на зелените пазари во Битола, Прилеп и Ресен, како и во угостителските објекти во Охрид и Струга.
- При акцијата во водите на Преспанското езеро беа затекнати повеќе лица и истите беа приведени во ПС за ГН „Маркова Нога“, а брз основа на претходни наредби од ОС – Ресен беа извршени и претреси и со потврди беа одземени три кајчиња, шест пенти, над 200 кг риба, преку 280 рибарски мрежи со должина од 14 километри наменети за криволов на јагула, белвица, грунци и друг вид риба, материјал за изработка на мрежи и друга риболовна опрема, стои во соопштението.
МВР во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство, најавува дека надзорот и контролата во наредниот период ќе се интензивираат на повеќе риболовни подрачја и зони. _________________ Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..
|