Позиција 3 е лоша за риболов не заради екипата што немаше улов , него заради тоа што нема каде да го пласираш мамецот. Од обала едно десетина метри е чист дел , а останатите 50-60 метри се под бусени трева.Тоа значи дека имаш само една опција...преку тревата..па што господ даде.
мала исправка...
од самата обала до почетокот на првиот венец на ГУСТИ ОГРОМНИ треви нема повеќе од 15 метри,
од почетокот на првите треви до крајот на последните треви има сигурно 70 метри бусени...
на позицијата имаш 2 опции каде да пласираш мамец!
1. во првите 15 метри од обала каде што длабочината е под 1 метар и дефинитивно риба тука не проаѓа со ГАРАНЦИЈА! 52 саати не мрдна ништо тука, ни белвица не видовме.
2. 100+ метра да фрлаш после сите треви, каде што и добивме удари, но според мене е многу многу тешко да ја вратиш рибата преку 70 метра треви! Да можно е, ако рибата е 2-3кг па имаш едно 10тина метри од местото каде што е паднат мамецот до тревите и треба тука да ја искорнеш на површина на козјачки начин со трчање уназад и да ја глисираш едно 80 метра на површина на вода дур стигнеш до кеп! Поголема риба, особено како што искочи просекот од сите извадени риби 7кг, мислам дека е невозможно или пак од 20-30 удари можда една ќе успееш да ја изглисираш некако, а сите знаеме дека тие 20-30 удари на црничани се "невозможна мисија" барем за време на такмичење...
_________________
ZSRRK "VARDAR"
Кој си знае, си вади риба и преку манила.
Pozdrav do site fanovi, Ve sakam site !