Јас одам следниов петок (19 Април). Повеќе со цел да видам што е можно привремено да се адаптира за купот. Кажав и се уште мислам. Средувањето на езерото само за потреби на еден куп, па и лига, не е императив. Треба планско, долгорочно средување. Мене ако ме прашате, иако се уште не сум бил лично таму, тоа езеро заслужува поголемо внимание од адхок средување. Да не ги повторуваме грешките од порано, па после ајде преуредувај, пак средувај. Барем за она најважното т.е. капацитетот за натпреварувачи и инфраструктурата на езерото.
Езерото има место и за 20 екипи, според физичките димензии.
Неспорно е дека е потребно и искуство на луѓе кои имаат знаење за стаза, боксови, растојанија, димензии. Се прават позиции за ова ниво на водостој, па тоа постепено со опаѓањето на водата да се адаптира. Важно е да се одредат ловните површини за секоја позиција, а притоа да се запазат некои нормативи на еднаквост, вид и структура на таа површина. Но треба и адаптација и на природните карактеристики.
Аквариум ниту имаше растојание по правилници, ниту боксови по правилници, а, од тој аспект, функционираше скоро перфектно со 12 позиции. Црничани е три пати поголемо од Аквариум.
Само трпение и домаќински.