Се договаравме со пријателите (Никола, Кире, Влатко-Воци и Јас) да одеме на езеро Мавровица на неколку часа односно скоро цел ден
.
Во петокот набавивме цела кофа бели црви и правење договор каде да се стационираме кога ке отидеме. Се одлучивме да идеме на уливот на езерото. Договорот се направи и се чекаше да дојде сабота. Дојде и сабота. Уште во раните утрински часови се гледаше дека ке биде феноменален ден за риболов, без ветер, само сонце. На колегите Воци и Кире им се отвори работа и беа приморани да дојдат покасно. Јас и Никола тргнавме околу 8 и таму бевме спремни околу 9 часот.
Кога ги пуштивме трските се видовме дека денот ке биде утка за риболов ама кога веке сме дошле нема назад
.
Си рековме ништо ке седеме ке ловеме. Прво нафрлав со чаталот бели црви и оставив малку. За тоа време викам чекај да ги поставам параболиците чисто од мерак, не дека чекам крап него онака. Кога сето тоа беше спремно се префрливме на пец. Фрлив уште малку бели црви и почна интересното. За неполни 30 секунди ми удри клен (најголемиот) и кога да видам во устата полн со бели црви. Потоа другите и така.
Потоа го снема кленот ама тука беше плашката колку за занимација да не се седе така си пецавме се зезавме и убаво ни помина денот. Ме радуваше тоа што излаваа плашки како цела шака што ретко го има.
Еве некоја слика од местото. Како што кажав мамец ни беше белиот црв и прихрана од белиот црв, ништо друго.
Без ова никаде
Еве го уловот знам дека е слаб, ама дружба беше голема.
Поздрав до сите. Бистро