Мал
и јас, само да изнесам мислење за нашииов пазар.
Саемот е едно, понудата е друго.
Саемот во Ниш е повеќе за спин колку што знам, така да не гледам зошто нашиве продавници трпат критики.
Јас не би отворил продавница во моменталнава ситуација доколку немам дебело салдо.
Би отворил колку да си терам ќеф.
Трошоците се огромни и кој и да отвори за да работи т.е да се купува се во МК, а да не се нарачува од надвор
е просто невозможно.
Замислете за да некој отвори продавница и да има се на избор за да не купуваме буквално ништо од надвор.
На пример:
Крапска опрема: Prologic, Sportex, FOX, Nash, Shimano, MAD, Greys, Sentury, Daiwa, Delkim, Rod Hutchinson, Solar, Nutra, Mainline итн итн.
Спин опрема: Savage gear, Shimano, Daiwa, Sportex, St.Croix, Rapala, Salmo, Blu Fox, DAM, Megabass, сите брендови на српски воблери, Dyneema итн итн.
За ова се да имаш на понуда ти требаат сигурно 100к.
Добра локација, vraboteni, сите законски процедури и обврски кон државата, наем итн...месечно ќе требаат сигурно 2000€
за да покриеш трошоци, што значи дека нашите пари кој ги трошиме не се доволни за ваков избор.
Даниел вика дека досега се потрошени 5000€, но тоа не е ништо.
За да некој отвори продавница и не задоволи сите нас со избор....5К треба да прави за 10 дена.
Нема пазар и купувна моќ, ние што фрламе пари на форумов не сме доволно!
Дека нашиве продавници сепак се слабо снабдени и изборот е мноооогу лимитиран е факт, но за да донесат роба која
ќе направи да не трошиме надвор е исто невозможно.
Сепак не трошиме ние толку колку што мислите. Дали 20-30 души сме овде кој имаме опрема купена од надвор.
Во Србија има пазар, има риболовци има и понуда...Кој кај нас ќе купи Century C2?
А, и не се грижете дека трошиме пари надвор. Некој секако ќе потроши за да ни донесе да купиме.
Така да реално исто ни се фаќа, само ќе ни напраи услуга за транспорт која секако ќе си ја наплати.