По многу мислења и наговарања преку неделата,
кај да се оди по риба, со колегата busavce-Митко, се одлучивме да одиме на Дојран
За мене беше голема возбуда бидејќи ова ми беше прв риболов на Дојранско езеро.
Дојранско езеро не пречека со една прекрасна глетка
Го натоваривме чамецот со опрема и време е за поход
Само што влеговме видовме и друг чамец кој што се движи накај нашата замислена позиција,
малку удривме на веслата и стигнавме први
Другиот чамец малку разочарани што им ја фативме позицијата, па мораа да се задоволат со друга
Една слика од позицијата кон отворено и почнавме со риболов
Само што седнавме и одма почнаа убави црвеноперки, расположението на максимум,
но не траеше набрзо се навртеа кострежи колку малиот прст, малку се разочаравме
накрмивме со прашкаста и чекање, но не за долго дојдоа плашките и забавата почна
За жал немам многу слики од овој дел
Подоцна од чуварите разбравме дека претходниот ден дувал многу ветар па затоа водата била матна и рибата повлечена.
Инаку кој се навикнува на крапска столица, потоа тешко седи на друго, па мора да се прилагодува
За крај епилогот беше околу 4 кг црвеноперка, костреж и плашка
Поздрав и Бистро до следна репортажа