Во нормални околности нема да сретнеме диви животни волци,мечки,чакали,лисици и други предатори али често рибарите знаат да отидат каде што никој друг човек не бил во потрага по совршеното место за по риба и често таму или остануваме неколку дена или еднодевен излет принципите во суштина се исти.
Во нормални случаеви никое животно не го гледа човекот како ручек.
Прво и што е нај основно е да знаеме какви животни има во средината во која одиме волци,мечки можеби некои опасни зајци
бидејќи секое животно си има одредени работи кои го плашат или го прават повеќе агресивно.
Сега ќе наведам неколку универзални правила за секаков вид на предатори:
1.Кога одиш низ шумата прави што е можно повеќе бучава зборувај со пријателот оди со потежот чекор на крај краева стави си ѕвоно околу вратот за животните да те регистрираат дека си во околина бидејќи никое животно не сака да го изненадите.
2.Носи со себе јака светилка,ласер,ножеви се што може да помогне импровизирај.
3.Ако веќе се гледате очи во очи со животното најбитно е да се направите што е можно поголем дигнете ги рачете правете бучава земете стап едноставно бидете агресивен и страшен ако животното не ве пронашло со намера да ве нападне (што највеќе е случајот) ќе си отиде без проблем.
Сега доколку се сретнете со волк едно нешто што е најмногу важно е никогаш да не го гледате во очи бидејки поглетод има големо значење и влијание во нивниот свет и они тоа за нив е знак на агресивност се друго е исто.
За мечките никогаш не се качувајте на дрва да избегате бидејќи мечките исто знаат да се качуваат по дрва.
Тоа важи ако веќе сте се сретнале по патот,а ако некое животно е подалеку од вас ќутите и не дишете дур да замине и тивко продолжете да одите кај што сте тргнале.
Сега за змиите они не напаѓаат без причина тоа е 100% без разлика што се слушнале од баби дедовци муабети лоши биле змиите.
Неколку правила што треба да ги знаете доколку сретнете змија се тоа:
1.Ако поминва во непосредна близина кај вас застанете почекајте да помине и шибајте напред.
2.Веќе сте премногу блиску 2м или слично и змијата ве има забележано застанете полека почнете да се враќате назад и дадете и простор на змијата бидејќи таа често напаѓа кога нема каде да избега.
Сега веќе одиме на друг дел,а тоа е кога веќе сме се сместиле во кампот и ја чекаме рибата или едноставно уживаме во природата и тука посебно ќе ве карам
Прво и нај основно за избегнување на контакт со диви животни е
НИКОГАШ не прави скара,јадење во камп зоната секогаш прави го тоа 30-40м подалеку исто така никогаш не носи јадење во кампот пред спиење ако сте во можност оставете во автомобил кој е подалекут или ставете го во торба која не пропушта дожд и закачете го од гранка на дрво.Многу е важно да не се спие со истите алишта и да се измиете пред да си легнете за секоја миризба од мрвки да не е на вас и одење по ВЦ бр1,бр2 исто така 30-40м подалеку.
Превентива има неколко ствари кои ќе ви помогнат огинот кој ги плаши повеќето од животните и една интересна работа која важи само за машките мочкајте околу камп зоната бидеји во мочката има одредени хормони кои ги плаши другите животни за џабе не прават така животните
Иако кај нас како во риболовот ја нема толку рибата од рибокрадци така и во ловот има нелегален лов па шансите да се сретнете со овие животни не се толку големи сепак ги има барем мене неколку пати имам сретнато волци сред лето
а зимниот период ги нема начекано на лице место али трагите се очигледни затоа пазете се кога одите во природа ! Знам дека сте запознаени со некои од овие информации али гарант сум ве изненадил со некои нови
Поздрав и бистро