Денеска убав ден па рековме да испаднеме малку на вода а се знае каде може за кратко
Мавровица и воедно да го пробам новиот род под и новите конци.
(Кои се покажаа многу добро).
Отидовме во 11 часот а се вративме во 15 часот. Малку луфтирација а и сонце без ветер.
Ги фрливме параболиците и фрливме една на пец пошто не планиравме дека ке ловеме риба и не зедовме мамци. Случајно најдов француско лебче и поставив на пец. За чудо чепкаше некоја риба. Потоа престана да јаде па си рековме на другарот да очистиме малку од губрето што го беше донела водата. И така и беше. Се на се очистивме цел брег од околу 200м може помалку може повеке.
Имаше некои удари кратки на тешко на S&O (поклон од Даниел кој ми ги даде во неделата кога дојдоа со Piksi во Свети Николе на гости
).
Тоа беше све за тие неколку часа што поминавме на вода. Се извинувам што немам повеке фотографии зошто бевме зафатени со чистење :spiro:
Еве го новиот род под и параболиците и една "кифла" на крајот
Еве поглед на браната
Еве малку од акцијата