Тафта друже и мене најмногу ми лежи 4 матарски болоњез, имам еден JAXON донесен од
Чешка пред едно 5-6 години абе како ми е легнат тоа чудо едно. Имам и 4 матарски ДАМ
што ми го донесе дедо ми од Германија и на него стои уште цената 300 DM во тоа време
(подоцна, кога почнав малку повеќе да се одбирам од валутиве и цениве сфатив дека добро сум го „сошил“ стариот, ама барем спомен ми е од него за цел живот) исклучително квалитетна
трска, имам и 5 метарски ProStar купен за евтини пари (2500ден пред едно 6 год.) од кој сум
презадоволен за цената, имам 6 метарска ДАМ ја користам за на езеро и тн. него зборот
ми беше дека Аки е потполно во право, зависи каде ловиш и за што ти треба, на Треска (кај
Мак. Брод) на пример е веќе проблем со трска подолга од 4 метри, на Црна кај Расимбегов (нагоре - надолу) исто така е проблем... На Вардар не сум ловел до сега и можеби затоа не
сум почуствувал потреба за подолга, за овие терени каде јас ловам 4 метарска за на река
е одличен избор, а за по езерава преферирам 5 или 6 метарска во зависност од тоа што го
ловам и од временските прилики. Секој најдобро знае што му треба !
Поздрав