Со оглед на тоа дека риболовот на пастрмка со блинкер на влечење од пловен објект е специфичен начин на организирање и вршење на рекреативниот риболов во оделни денови (во оние риболовни зони на кој е дозволен ваков вид на риболов) и бара посебна организација, а Охридската пастрмка е исклучително значајна риба како објект за рекреативен риболов, цениме дека државната дозвола не треба да важи за ваквиот начин на риболов, односно дека риболовот на пастрмка со блинкер на влечење од пловен објект може да се врши само со вадање на дополнителна дневна дозвола за ваков вид риболов.
“Цениме“ е мислење, не е факт. Јас ценам дека важи. А законот вели дека важи секаде.
Во одговорот на едно од нашите писма до МЗШВ
, беше наведено вака:
Ова горе значи дека ако во годишниот план концесионерот предвидел дека на некој дел нема да се врши риболов, ТАМУ НЕ ВАЖИ НИТУ ЕДНА ДОЗВОЛА, не само државната. Значи ни концесионерот не смее да издава дозволи за некоја одредена локација. Ако концесионерот издава дозволи за блинкер, значи дека и државната дозвола ВАЖИ за блинкер.
Ицо, малку важи, а малку не важи. Кој како го сваќа риболовот со блинкер.
Ако сакаш кавги, тогаш важи Државната. Јас сум 100% сигурен дека на суд ќе го докажам ова.
А ако сакаш да уживаш, тогаш „ценам“ дека треба да си извадиш дневна.
Ене го писмото од МЗШВ, па толкувај.
Слободно нека те дадат на суд, може и оштета да земеш на крај
koja doplata
i koj ja izmisli
a koj ja izmisli na drugi akumulacii doplata so camec
a ribolov so camec e dozvolen i pisan vo ribolovnata osnova od drzavata za tie vodi,, moze nekoj da mi odgovori
Е тука и самото министерство се има заебано.
Од една страна има одобрено доплата за пловен објект само за Дебарско езеро (значи на другите езера таквата доплата е нелегална доколку некој ја побара и веднаш треба да се пријави во инспекција), а од друга страна ние го добивме следниот одговор, од кој произлегува дека дека МЗШВ повторно незаконски одобрува цени за користење на пловен објект
Заклучок:
Кој има нерви за расправање и докажување, нека лови со блинкер на ОЕ, само нека внимава, белвицата е забранета, и има пропишани минимални мерки за рибите кои може да се земат
Кој ќе доплати или ќе му бараат доплата за чамец на било кое езеро, освен Дебарско, има право да пријави во инспекција, а концесионерот може да се соочи со фини казни
Кој ќе доплати на Дебарско, може да се пуши, бидејќи за да не доплати, треба прво да го побара оригиналното мислење од МЗШВ од нас каде што е наведен горниот одговор бр.3, па врз основа на тоа мислење, да побара укинување на доплатата за чамец, па ако не му одобрат, да поднесе тужба против Љупчо Димовски
А јас ќе си ловам каде сакам со државната, без да се замарам за ништо