... Борис, по начинов кој го пишиш текстов најубо да не коментираме ништо понатака за проблемите кој ги снајдоја риболовците и да остајме све како шо е ... темава се отвори ама требеше да ја избришите од старт, ако нејќите некој од вас да добиете мислења за некои работи да се подобрат и да функционираат во корист на риболовците е не на бирократијата ... овде не се лупетат, него некои членови со факти ги објасвет работите и потребите на самите себе и желбата некои работи да се сменат, а ако мислите дека е све во ред тогаш одма метла на цела тема, зошто би постоела ... најдобро е изгледа да не се коментират ништо и да нема размена на мислења за решавање на проблемите, кои веројатно ги немат ...
Lepi па белким и јас имам право на свое лично мислење, незнам зошто мојо0т став го претвараш во став на некоја група, тоа си е мој став и ваљда смеам да учествувам во моабет, не само на оваа тема, туку на многу други, мене ЛИЧНО посебно ме нервираат коментари од типот
- Треба да се бориме/те за риболовот и дозволите да бидат поефтини (бујрум бори се, дај конкретен предлог како да бидат поефитни)
- Треба да се бориме/те да ги уништиме рибокрадците (бујрум бори се, дај конкретен предлог и покажи на дело како тоа ти се бориш против рибокрадци)
- Треба да се бориме/те да се измени државната дозвола (бујрум бори се, дај конкретен предлог како тоа ти го замислуваш и поднеси иницијатива до институциите)
- Треба да се бориме/те да се регулирала регионалната дозвола (бујрум бори се, дај конкретен предлог како да се регулира)
- Треба да се бориме/те риболовните друштва/концесиоерите да бидат подобри, поорганизирани, или незнам што
и сл.ставови, а ваквите ставови ме нервираат затоа што се во најголем дел онака искуцани на тастатура и пуштени како декларативни,....додека пишуваме декларативни работи работите не се мрдаат од место....
Кога сме кај она “да се бориме“ таквите луге повеќе ги ценам од оние “да се борите“. Тој што вика “да се бориме“ барем декларативно најавува дека сака да учествува и тој лично во таа “борба“ (да се вклучи теренски, да направи анализа,да се разбира од тоа што го пишува, ако не се разбира да праша некој кој се разбира за да не биде само празна фразеологија па да пренесе тука на форум, да склопи конкретен предлог, или иницијатива за промена на закон и сл.преку било кое здружение сака нека се бори, ама нека се бори и во пракса, а не само куцање на тастатура). Тие пак што викаат “Треба да се борите“ тие посебно не ги разбирам, на кој се обраќаат не ми е јасно, чекаат некој друг да ја истера нивната идеа, нивната борба ???
И има трети кои особено ги почитувам, тие не куцаат многу, многу, може од време на време да фрлат некој став по некоја тема, ама за тоа што се борат, реално се борат, превземаат иницијатива, организираат, дејствуваат, бараат информации, вклучени се на терен во разни активности - некогаш делата говорат многу повеќе од зборовите...., а кога се работат некои работи конкретно тогаш има некаков резултат....
A животот е краток, денес си тука, утре те нема и веќе кога се дружиме на форум, или губиме време тука, барем нешто конкретно да се збори, поврзано со вакви теми