Многу од луѓето не го сакаат или не го ловат кострежот од 2 причини,а тоа се дека премногу мали риби му удираат или дека во потрешно време мавнат контра и јадицата му е во стомакот.Како што има мајстори за клен,сом,мрена,крап,бојник исто така и си има мајстори за костреж што знаат со кој метод да пристапат спроед ситуација и да си отидат дома со добар улов.На црв јаде увек кострежот точно е тоа апсолутно но ако сакаме да фатиме крупен костреж си има одредени финти да кажеме што никој не се труди да ги научи бидејќи кострежот "е лесен за фаќање
" да напоменам зборувам за крупните 700+ грама бидејќи се под таа тежина нема дораснато и не е доволно мудро и 1 у 1 000 000 е да се фати на обичен систем или обична дубинка.Затоа продолжете да читате јас да ви споделам една тајна што јас случајно ја пронајдов и си ја користев неколку години се додека не пронајдов на интернет на еден си англиски форум каде што мојата "ново одкриена" тактика била стара како дедо ми
Методот се користи кога сакаме да фатиме најголемиот примерок што ни го нуди одредена вода.Целата поента е да е без одпор бидејќи крупниот костреж мамката ја плука при осеќање на најмал отпор кој го создава оловото кое лежи на самото дно и затоа може да се користат 2 системи едниот е позајмен од крапџиите со мала модификација но сликата што ќе ја поставам е типичн за крапџиите но понатаму ќе објаснам што треба да се смени затоа не се секирајте
Тоа е крапџискиот или ја што се зафркавам шминкерскиот начин,а еве го мојот начин инпровизација до коска што највеќе ми се допаѓа вртилица,гумичка (немора како на сликата можете да ставите гума од жица за струја поента е да не скине или оштети конецот) и едно олово грамажата се зависи колку далеку фрлате каков мамец дното не прави некоја разлика бидејќи оловото и да пропадне во калта конецот е слободен и мамецот ќе си остане над него.
Јас вториот систем го користам бидејќи немам купувано тие ситници што се потребни за првиот.
Е сега интересниот дел што многу го утнуваат подвезот сите го прават краток демек кострежот кога ќе лапне и бега одма сам да се контрира
овде подвезот е доста долг 60 цм ако не и подлог.Јадица користиме соодветно со мамецот дали дебел црн црв,пијавица или рибичка.
Сега овој дел јас го правам вие бујрум како сакате бидејќи конецот треба да е слободен и отпорот минимален значи со амортизерот до крај стегнат пак рибата ќе зима конец со свивање на врвот од трската и лабавиот конец во вода но јас амортизерот го пуштам да е многу лабав и не контритам на првиот осет дека рибата е тука него бројам до 5-10 зависи како јаде рибата дали нагло влече конец или пополека си го зима и стегнувам амортизерот и шибам контра но пазете амортизерот да не го стегнете до крај бидејќи може да е друга риба предатор тоа зависи од вашето познавање на водата на која ловите.
И секогаш проверете го амортизерот пред следното одење по риба 2-3 пати ми се деси да заборавам да стегнам чекав караш/крап на дубинка ударот го регистрирав на врвот кога мавнав контра само слушнав Ззззззззззттт како лета конецот до дека да се стегне амортизерот ОДЕ ЛАКИ
Бистро зајци и очекувам некој системот да го испроба и критика да слушам