www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Ное 10, 2024 5:00 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Жега,бура,градушка и риби
ТемаИспратеноCOLONНед Oкт 31, 2010 4:21 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Насловот опишува со неколку збора како ни помина излетот во Грција.
Со Сокчето се договоривме да тргнеме скроз во непознато,кадешто подоцна видовме дека човечка нога ретко стапнува таму,без никаква информација,само со сознание од Google Earth дека таму постои некаква вода :D :D
Готови за секаков вид на риболов,затоа што не знаевме што плива во водата,по едно силно ридско-планинско рели по кални патишта,веќе бевме до една прекрасна вода,во една уште по прекрасна природа,кадешто за трите дена додека бевме, не помина ни куче ни маче,а камоли човек :wink:
Вистинско богаство од вода на којашто ке се опуштиме уште многу пати.
Да не се разприкажувам,ќе започнам и со фотографиите :)
Пристигање тука :arrow:
[ img ]
Околу нас само дрвца,боцки,оси..и што ли уште не...
Видовме три-четири подебели дабови на 5-6 метра до водата и решивме тука да се логорува.
Сокчето за брзо време ја измаркира водата,да видиме горе доле колку е длабочината ,го довлековме целиот багаж и веќе бевме готови за риболов,без и да знаеме што ќе се лови
Сокчето со трските--
[ img ]
[ img ]
Од дома се бевме приготвиле само со бојли и пченка,и по малко бел и црвен црв.
Првиот ден ништо,ни тит на сигнализаторите,а бевме и ненаспани,така да и не ни пробавме на тапа на црвите.Токму си дојдовме при себе од уморот и жегата,кога наеднаш се затвори небото и за секунда почна една бура,да не ви кажувам...
Дремевме 2-3 часа под дрвата и чадорите,додека наоколу се слушаше страшно и продорно траас-ГРОМОВИ еден врз друг.Токму се потсмири,веќе беше темно.Само си ги поставивме креветите на суво и заспавме така утепани и без кеф ,оти до моментот ни риба ни ништо,само бура и други таму заебанции.Заборавив да кажам оти само штo пристигнавме,ме апна една пчела на стапалото и тоа беше знак оти нема да оди се по планот :mrgreen:
Значи си легнавме,кога веќе немавме сили ни по една ракија да удриме о Сокчето.Беше десет до 3 кога сигнализаторот се изсвири јако.
За миг во црпката се наоѓаше едно крапче од кило и пол.
Првото нешто коешто си го кажавме со Сокчето беше--ГО ИМАЛО ОВДЕ :))))
Полни со кеф си легнавме повторно,се до утрото накај 8-9 часо кога се започна една луда серија.Колку што броев имавме 15 удари до 2 часот.Извадивме околу12-13 ,сите меѓу кило и две. :arrow:
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Започнаа на пченка,но брзо се навикнаа и на бојлите.
Неги бројам ударите на малите до 400-500 грама,на коишто покасно ќе им ја видите судбата :D
Јас одмарам малку на сенка оти ми настрада и другото стапало хехех-удри крап на дубинската,додека го ставав во чуварката,ја видов болонезата како сака да летне на дното :mrgreen: :mrgreen: ,му ја рипнав,удрив јако еден поголем камен на волеј и со крвава нога ја зграпчив болонезата со се крап од две кила :mrgreen: :mrgreen:
[ img ]
Прстот ми помодре од горе до доле,но кој ќе му мисли на прсти и на стапала кога треба да мисли на риби :D :D
Сокчето прихранува де со чаталот,де со кобрата,де со ракетата :mrgreen: :mrgreen:
[ img ]
Да ви кажам оти ударите првиот ден 90% беа на најновиот прототип на род под-РОД ПОД АЛА КРИВО МАГАРЕ :D :D
[ img ]
[ img ]
Новите модерни,што ги имавме,нека им е срам ,цел ден си преседоа без работа :mrgreen: :mrgreen: :mrgreen:
На тапаа пробавме за сефте и започнаа едни крапчовци :arrow:
[ img ]
[ img ]
Токму решивме да ги поизмориме на тапите,кога започна втората епизода од документарецот за страшните бури :arrow:
Овој пат да не ни е од око,не фати у убава градушка:wink: :wink:
[ img ]
Се мислевме дали да пробаме и на овие бојли 0,14 дијаметар :mrgreen: :mrgreen: ,но решивме дека е подобра намена ќе најдат вечерта со ракијата,хехе
[ img ]
Го пребродивме и ова чудо,и оваа ноќ не дозволивме да се разминеме со ракијата:drinkers: :drinkers: :drinkers:
[ img ]
Кривото магаре се стиши,а модерните батковци започнаа да работат на бојлите :P :P
Вториот ден фативме уште 7-8 крапчиња во норма.
Ден трети :D :D сега решивме да ги пробаме тапите од поранко,пак жега од сабајле,но и сенкичка по брегот докај 10-11.
Мамец каков сакаш-риба-клен.Не дава да фрлиш.За два часа фативме добра количина :D :D :D
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Но и покрај активната риба-жегата беше неподнослива и си требаше и пливање :D :D
[ img ]
И додека трепнеш,пак старото сценарио-бура идеее.Веќе ни беше преку таквите :mrgreen: :mrgreen: и решивме светкавично да се собираме(инаку имавме план да утепаме уште еден ден на езерото)Ебате светкавичното-багаж еден тон,угорница до Витото големка :mrgreen: :mrgreen: ,бурата зад газот :mrgreen: :mrgreen:
Се собравме како-така.Рилиз на една кофа мали крапчиња,во моментот кога дождот веќе маваше јако :arrow:
[ img ]
[ img ]
Веќе бевме во Витото и прв пат после риболов да не се вратиме во последна проверка на местото кај што сме ловеле,да видиме да не сме оставиле нешто.Брзо возење по калниот пат оти минути покасно ќе си ја нае....е :D
[ img ]
Единствено ми е криво што не остана ни една секунда време да се сликаме како секогаш со рибата до водата,така да фотографијата бевме принудени да ја направиме два часа покасно до магистралата :(
[ img ]
[ img ]
Ете што се случуваше по патот :arrow:
[ img ]
[ img ]
Грците како Грци-вода до колена а тие си ги поливаат нивите като за светско првенство :mrgreen: :mrgreen:
Апнавме по едно гиро со Сокчето на враќање и задоволни од се а и од тоа што заедно решивме да се собереме ден порано-веќе бевме по патот за дома.Невремето не се стиши цела вечер,така да можеме само да си замислиме како ќе да си поминевме ако останевме :mrgreen: :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Жега,бура,градушка и риби
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 26, 2011 2:37 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
И нели е сезона на крап ;) да подигнам од архивата уште една стара и подзаборавена тема ,од еден лански заеднички излет со мајстор Јупи ;)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Жега,бура,градушка и риби
ТемаИспратеноCOLONЧет Aвг 11, 2011 4:58 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Oва е право сафари, брао бе момци :) вака лиги ми течат коа ќе видам зелено и вода, па и ракија :))


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Жега,бура,градушка и риби
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 19, 2013 3:51 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON1322
ЛокацијаCOLONПрилеп
Оваа репортажа ја немав видено. Браво друже, секоја чест! Со Оки сте мајсторишта за репортажи ! :bravo:

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Жега,бура,градушка и риби
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 19, 2013 3:43 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Јан 26, 2012 7:33 pm
МислењаCOLON2782
Poliz...bravo

_________________
tel/fax : ++389 2 3069793
email: gomak99@t-home.mk
075/291167 zoki


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Жега,бура,градушка и риби
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 19, 2013 4:21 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Jул 18, 2011 3:44 pm
МислењаCOLON118
ЛокацијаCOLONSkopje
Poliz,druze mestoto e prekrasno - fantazija :ok_ok:
Odlicna reportaza,no sledniot pat koga ke odis a nekoi takvi mesta dqaleku od civilizacija nosi si protiv otrov za pceli i takvi insekti.....

_________________
Не ми треба многу за да му ја здувнам по риба :)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Жега,бура,градушка и риби
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 19, 2013 4:24 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
момци , репортажава е од 31 Oкт. 2010, 15:21 ;)

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Жега,бура,градушка и риби
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 19, 2013 4:49 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON1322
ЛокацијаCOLONПрилеп
Ако друже, знам дека е стара затоа и напишав дека до сега не сум ја видел. Инаку во последниве неколку дена се заседнувам кај „Репортажа од мојот излет“ и тепам по неколку часа на форум имајќи во предвид дека има 18 страни полни со репортажи. Инаку гооолем број од сликите нажалост се избришани :hit_head: :head_bang:
Поздрав !
П.с. Полиз го нема нешто во последно време да изненади со некоја екстра добра и само за него својствена репортажа од Грчка :cray: :confused:

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Жега,бура,градушка и риби
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 19, 2013 8:29 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Maр 07, 2011 11:21 pm
МислењаCOLON1581
:D ne si u tek so nastanite :seir:

_________________
koj si znae ke si vadi
sto e tvoe ke si dojde
sjashi kurto da uzjase murto


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Жега,бура,градушка и риби
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 19, 2013 9:03 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
... му завидвам шо не е во тек со настаните :mrgreen:


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 17 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum