Другар, за клен на Вардар посебно на Пчиња нема подобро од сува мушица, и тоа јас ти ја препорачувам зулу за клен! Најдобро ми се има покажано.
За нимфарење...пробај со имитации на локални гамаруси и сл, иако кленот е сваштојад и лаком, додека увиди дека се заебал, веќе е на суво
Кај одиш на Пчиња инаку? Дај да напраиме една екскурзија, од Горно Коњаре нагоре 5-6 км, па назад
Здаво рибарчиња - другарчиња ..
и јас сум почетник со мушичарење,па ако сака некој од вас да стави слика и да подобјасни малку што е тоа зулу,гамарус,нимфа итн.Што да правам купив мушичарка а не знам со сто да ловам Клен,и јас исто таму обично одам да факам.Пред 4 дена бев во Горно Коњаре надолу од мостот фатив 3 клена ама на пловка и на леб,пробував со мушичарката со сува мушичка во изглед на оса и немаше резултат,водата му беше сењава,така да ако може од вас поискусните мушичари некој вовед за нас почетниците,Благодарам однапред