Им благодарам на сите колеги за убавите зборови, честитки, гласови и многу ми е мило што ви се допадна репортажата.
Сите репортажи се убави, секое излегување на вода е добро да се запамти и да се донесе и прикаже убавото време
поминато на вода...начинот не е битен, битно е дружењето, позитивната енергија и авантурите.
Искрено, репортажата ја комплетриав за 2 дена со сликите и видеото....а потрошив добри 3-4 часа за да изгледа така.
Мене ми е најдрага поради пресекот кој ми се случи на мене и на моите колеги Гоце и Крсте.
Настанот за репортажата е исто настан на годината во МК, посебно за крапскиот риболов кој ваквите настани се ретки кај нас.
Многу луѓе, многу дружење, многу погоди и непогоди додека траеше за да на крај ви ја донесам нашата авантура во кратки црти.
Ќе спремам одлични видеа годинава (Сале GoPro-то рече ќе го позајми на 2-3 пати) за да сите уживаме и имаме
материјали кои ќе ги гледаат сите во МК и надвор, мака ми е да гледам видеа од странци повеќе.
Имаме што да покажеме, имаме одлични риболовци, води, терени, риби...вреди да се потрудиме сите.
Апел до сите колеги кои одат на вода да ги направат своите излети за паметење...
После некој година кога ќе отворите
http://www.ribar.com.mk да се присетите на убавите моменти кој сте ги споделиле со колегите.
Уште еднаш благодархост до СИТЕ колеги, ВЕТУВАМ оваа година ќе има уште подобри и по интересни репортажи.
Бистро.