Нејсе, и лани и оваа година, една од најчесто посетуваните дестинации од наша страна беше и е езерцето Гогомонд. Така беше и оваа сабота, веќе договорен со екипата, по преглед на временските прогнози и кратко спремање прихрана и мамци, тргнавме во договореното време од Скопје;06:30 часот. Едниот другар од екипата за жал не можеше да стане утрото (заб.непроспиена ноќ и сомнителни дружби со спротивниот пол), па тргнавме минус еден член.
Стигнавме релативно брзо, и за среќа портата беше отворена ( не требаше да се прекачуваме преку оградата), се растоваривме на брзина, и побрзавме да ја однесеме опремата на омилената ни позиција. Особено во летно време.
Лично сметам дека подобра позиција во есен/зима е од спротивната страна,повеќе сонце фаќа во зима од таа страна, но што е тука е. Риболовот започна, си наместивме пченка-шеќерац за мамец и почнавме да фрламе со трските. Времето беше таман, и тоа беше позитивно. За прихрана имав спремено некаков си домашен микс со пченкарен леб, шеќерац, сусам, афион, ароми, маслиново масло, плус сето тоа замесено со некаква си прихрана за клен. Бучкуруш, ама ми беше мерак додека си ги валкав рацете надевајќи се дека можеби ќе биде некоја добитна комбинација
Времето изминуваше, но удари немаше. Почнавме да се шегуваме на таа тема "еве, сега ми јавија на телефон, 09 и пол ќе даде...накај 10 сигурно ќе удри, така ми јавија" и сл.
Ко за беља, првиот удар беше кај мене (заб. другарите се испореметија хехехе
), бев покрај трските и внимателно ги следев тапите додека екипава моја цело време ме закачаше хехехе и оп,оп..полека пропадна тапата! Дадов мала контра и борбата почна! Полека, полека си го донесов до брег, а другарот Т помогна со кепчето и си го прибравме крапчето. Околу 2 килограми, по моја проценка ( носев и мала рачна вагичка, но од возбуда заборавив на неа), изваден на 0,14 конец Colmic и бр.12 јадичка Nuclear со 5,5 метарскиот ми болоњез. Мамец-шеќерац. На насмевките им немаше крај.
Се сликавме со крапчето и после фото-сесијата беше вратено во водата, да порасне бар уште толку пред да се сретнеме повторно!
Продолживме да ловиме, си наместивме нови мамци,целата атмосфера живна малку, тргна работата.
Следната кладба беше дека нема да фатам уште еден крап, но...
Излезе овој малишан, сосема неприметно ја потона тапата и веќе беше пред фото-апаратот. Сега веќе атмосферата беше малку напната, дури две крапчиња кај мене, а кај "рибарите" ниту еден. Дури имаше и закани, "Ако фатиш уште еден, со камења ќе мавам!" хе хе хе
Го вративме назад во водата и продолживме да се шегуваме (заб. да им фаќам сеир на другарите)
По едно дваесетина минути, ете го пак! Ја завлече тапата, ја потона, му дадов контра и почнавме да се бориме! Другарот Т. стана од столчето и бога ми, беше спремен да фрла и камења,но, за моја крапска среќа, се откачи на неколку метра пред брегот!
Ништо од рибата, а добро беше чувството на трска. Штета.
По овие андреналински шокови имаше затишје, и по некои час-два, ете го пак! Но, овој пат кај другарот Т. Му ја снема тапата, опасна контра и ете го крапчето! Малецко, но меракот при вадењето си е голем. Насмевка на лицето на другарот Т. , "Ајде, земај го апаратот да ме сликаш!". Се сликавме, се насмеавме и го вративме назад.
Продолживме со насмевки на лицето, закачки, со надеж дека и третиот другар ќе фати некое крапче. Времето почна да се менува, почна да дува некој ветар, почнаа да играат тапите, па се надевавме дека и рибата ќе се раздвижи повеќе. По половина час, пак се јави! И тоа пак кај другарот Т. ! Повторно насмевка на неговото лице, го донесе до кепчето, па го извадивме златно-жолтиот убавец за една кратка фото-сесија. "Два-Два! Не се дава Т. до девееста минута, ќе одиме на Три-Два!
". На смеењето му немаше крај.
По пуштањето на крапчето, местењето на мамци и зафрлањето, седнавме малку да си одмориме душа, кога ете го пак! Кај другарот Т. ја потона тапата, и борбата продолжи! Но, крапската среќа е променлива како и месечината, па на 2-3 метра пред брегот, се откачи крапчето и ни посака довидување до некој следен пат. Сепак, најубаво е кога е нерешено!
Попладнето се појави екипа од Скопје, Trasul со другарите, па паднаа разговори, приказни, размена на искуства, смеења со нив, времето минуваше. Колегата Trasul кажа дека следниот ден се планира голема средба на крапџиите на езерцето (штета што немав можност да дојдам следниот ден
), но за тоа веќе знаете. Дојде време да се спакуваме, и така среќни и насмеани да тргнеме кон Скопје со желба за поголем улов следниот пат. Бистро!