Недела ден за добар ручек
Отидов до ТУШ марект си купив едно крапче од 1кг и 218 грама
и ај да го спремам за ручек
Крапчето таму ми го исчистија мое беше само да го наполнам и да го испечам.
потребни состојки :
1. Свеж Крап
2. Морков 200г
3. 2 Компира
4. Магданс
5. сол,бибер,вегета
6. Маргарин
7. Вино или Пиво (по избор)
8. Малку сланина
Крапот убаво го премачкуваме со маслиново масло, посолуваме и го оставаме да отстои 1 до 2 часа
На оган во загреана тава додаваме масло за јадење потоа ставаме од морковите и компири и додаваме магданос
Потоа го полниме Крапот со приготвениот зеленчук
Откако ке го наполниме крапот покрај него додаваме од преостанатиот зеленчук
и додаваме 300мл вино или пиво.
Опшот го изедов пред да го ставам во рерна
Откако го изедов опашот
го завиткав во фолија за готвење и го ставив во загреана рерна
да се пече од прилика 45 минути на 250 степени
По 45 минути го извадив Крапот ја извадив и фолијата и го оставив уште 10 минути да се пече
и го добив следново
Во чинија ставаме едно парче од рибата малку пасиран компир,ајвар салата од цвекло и зелка
посолуваме со буковец
Зачинуваме со еден ТУБОРГ
Пријатен апетит
Бистро!!!