Дејствие во 1987 г. Јас со моите во Охрид (по кажување). Се возиме со бродчето накај Св. Наум а малиот Раде прашува:
Синот: Тато, тато, може ли да му кажеш на капетанот да застанеме и да си наполниме вода, да се напиеме од водата, види ја каква е?
Таткото: Ратче сине, ова е прекрасна вода и човек може да ја пие, но ајде седи мирен, ќе стигнеме уште малку и ќе пиеш вода на Св.Наум...
Синот: Ама тато, види ја колку е бистра и сигурно е ладна а и времето станува жешко, ај речи му на капетанот тебе ќе те послуша па ти си бил морнар!
Таткото: Ајде, земи од шишето од мајка ти, ќе стигнеме на брегот, таму ќе пиеме ладна вода и ќе пробаме да фатиме некое рипче.............
Дејствие во 2012-та. Јас со другар од Охрид ме вози со кајчето накај Трпејца и Заум:
Ристета: Мор Рашо, истај то раката од водата цел пат ја држиш внатре...што мерак е неможам да разберам....
Раде: Е што да не ти го земам правецот...море Ристе, отсекогаш сум сакал да се напијам од оваа вода, така ме мами, така ми присакува душата од неа на жешково...
Ристета: Е арно де, па ја ко да не носам вода со мене, сум пијал секојпат, земи и напиј се..ништо не ти е, магаре си ти......
Дејствие 2067-ма, лето, тревник....... некогаш во иднината:
Телевизорот: Денес е пуштен продложениот крак од водоводниот систем од Охридскиот резервоар, кој преку Пелагонија освен Битола и Прилеп, сега ќе го напојува со чиста вода за пиење и Кавадарци, Неготино и Велес, ....По големите климатски промени и сушите кои ја погодија територијата на Балканот, Македонија денес вода за пиење обезбедува од единствениот и непресушен извор, убавото Охридско езеро. Чувано деноноќно од будните воени и полициски сили, заштитено со антиракетниот штит од типот „ИЗВОР“, ова најголемо богатство на државата и дава живот на нацијата. Многупати на удар на разни узурпатори, шарлатани и со безброј преживеани обиди за негово уништување, ова езеро одолеа на нападите и државната политика се покажа како стратешки исправна...денес Македонија е горд чувар на овој дар од бога.....
Раде: Еех мило, прв пат од оваа вода кришем од мајка ми, татко ми ја наполни раката и се напив од неа, потоа уште како млади, на една прошетка со баба, се напив повторно, ах колку беше убава...наполни ми една чаша, па уште еднаш да го осетам тој вкус......
Раде (со растреперен глас): успеавме, ја зачувавме...овој резервоар ќе ја гаси жедта и на твоите внуци..... _________________
|