Цела вечер само читам по темиве и се си мислам дека бев целосно во право кога на 26.01., пред да излезат цените на дозволите, го напишав ова:
... Друго ми е интересно во целиов муабет, сега плачиме зошто сеуште нема дозволи, а кога ќе излезат дозволите ќе плачиме зошто рибочуварите ни бараат дозволи. Ќе биде истата песна од лани
И уште нешто ќе додадам:
Сите ние како риболовци сакаме да имаме ревири полни со риба, а да не платиме ништо.
Сакаме да има рибочувари и да нема рибокрадци, а да не платиме ништо.
Сакаме да се порибуваат водите за да бидат што побогати, а да не платиме ништо.
Сакаме натпреварувачки стази, а да не платиме ништо.
Луѓе кој да ги плати споменатите нешта? Државата? Концесионерите? Кој?
Што корист има државата или концесионерот да ги плати од свој џеб споменатите нешта, за ние да си тераме кејф?
Која е обврската на риболовците?
Да полнат фрижидери со риба?
Да носат дома што е можно повеќе риба?
Можеби треба да ни плаќаат концесионерите за да риболовиме? Не сме се сетиле до сега инаку ќе побаравме и тоа, нели?
Риболовот е хоби,спорт и рекреација. Кој сака и кој МОЖЕ нека риболови, ама ќе плати за истото. Кој не може и кој не сака, не мора да риболови.
Повеќето од нас имаат возила и плаќаат регистрација? Колку пати е поскапа регистрацијата на возилото од цената на дозволата за риболов? И? Зошто никој не се буни? Затоа што сите се навикнале на тоа и пред да купат возило си пресметале колку ќе ги чини. Никого не го интересира колкав е стандардот на народот, туку се одрдува цената според некои параметри и точка. Кој сака нека вози, кој не сака и не може нема да вози и крај.
И со риболовот ќе се случи истото. За година-две ќе ни е нормална оваа сума за дозволи.
Минатите концесии беа потпишани по стар Закон и важеа други правила, а од оваа година ќе ги осетиме благодетите од новиот Закон, бидете сигурни во ова. Со новиот Закон се променија многу состојбите во рибарството и се што претходно беше недефинирано и оставено на добра воља од концесионерите, сега е дефинирано и поставено како обврска на концесионерите. За обврските требаат пари. За да се соберат тие пари се издаваат дозволи. Цените на дозволите ги одрдедува концесионерот откако ќе ги стави на маса сите обврски што МОРА да ги исполни. А парите кој друг да ги плати ако не тие што се засегнати - риболовците. И да им дозволат на концесионерите да склучуваат договори меѓусебно, бидете сигурни дека умреа времињата кога за 2000 денари се ловеше на територија од половина и повеќе на РМ.
Сумите што се објавени за годишни дозволи, според мене, се сеуште ниски. Бидете сигурни дека ќе растат со уште 10-20% во наредната година, ако не и повеќе.