Колеги неколку работи треба да бидат јасни, регионална дозвола во моментов во законот нема, еве го членот од законот
Член 50
(дозвола за рекреативен риболов)
Рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони се врши врз основа на дозвола за рекреативен риболов.
Дозволата за рекреативен риболов може да биде:
- годишна за сите риболовни води во Република Македонија - државна дозвола,
- годишна за одреден риболовен ревир и рекреативна зона,
- петнаесетдневна,
- седумдневна и
- еднодневна.
Дозвола за рекреативен риболов се издава на лице кое поседува легитимација за рекреативен риболов.
По исклучок на став 3 од овој член дозвола за вршење рекреативен риболов без поседување на легитимација може да се издаде на рекреативни риболовци кои се странски државјани.
Рекреативните риболовци се должни легитимацијата и дозволата за рекреативен риболов да ја носат при вршење на риболовот, редовно да водат евиденција за уловената риба и податоците да ги доставуваат до концесионерот.
Формата и содржината на образецот на дозволата и образацот за водење евиденција, како и начинот на водење на евиденцијата и доставување на податоците ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
__________________________________________________________
Е сега:
1. Бидејќи таква дозвола во закон не постои Министерство нема предвидено кочани со парагон дозволи и неможе да им дава такви дозволи на концесионерите - ЗАТОА ШТО НЕ ПОСТОЈАТ, а со тоа неможе да дава одобрение за нешто што не постои во закон.
2. Во изминатиот период имало концесионери кои си правеле меѓусебни (незаконски) договори со цел да овозможат една дозвола да важи за повеќе ревири и повеќето тоа го правеле со добра намера и од интерес на риболовците, но од тоа произлегуваат следниве
ПРОБЛЕМИ:
Прво - Многу риболовци биле сведоци дека извадиле ваква (регионална) дозвола и оди на некоја река (која му пишува во регионалната дозвола дека спаѓа под таа дозвола) и таму чуварот му вика “тука тоа не важи“ и му ја зима опремата - вакви случаи се појавуваа поради тоа што некои концесионери во јануари нешто се договориле, а во јуни ја расипале калимерата и едноставно не го почитуваат договорот кој го потпишале и за тоа страдаа риболовците кои си платиле за тоа. Во таква ситуација (ако се скарале) никој од двете страни на договорот неможе да ја примора другата страна да постапува според договореното, затоа што договорот што го направиле за регионалните е незаконски. Па така, неможат да одат на суд, затоа што таму судијата кога ќе го види договорот ќе ги праша - “Што е ова за што сте се договориле ?“ и овие ќе му речат “Договор за регионални дозволи“,.....ќе отвори судијата во Закон за рибарство и аквакултура и ќе види дека таква дозвола во закон не постои и автоматски ќе им ја отврли постапката затоа што направиле договор за нешто што не постои, читај “договорот е ништовен“. Во таква ситуација едниот му вика да другиот “јас не ти ги давам парите од регионалната што сме ги договориле“, и затоа имаше ситуации каде што се дужеа многу пари,....а другиот му вика “јас не пуштам рибари кај мене да ловат со твојата регионална“ - правна заштита никој неможе да има и на крај го сркаат риболовците кои си дале пари, а дозволата не им важи
Второ - Со овие регионални дозволи се вртеа многу црни пари. Пример: Концесионерот Х на почеток на 2012 година од Министерство подигнал/задолжил 4 кочани. Прв кочан - дневни дозволи, втор кочан седумдневни, трет кочан 15-дневни и четврт кочан годишни. Е сега, дневната му кошта 200 денари, седумдневната му кошта 500, 15-дневната 700 и годишната 1500. Но, он почнува да издава незаконска (регионална) за 3000 денари со која риболовците можат да ловат пример на 5 ревири кои тој што ја издава регионалната ги договорил и нормално таа дозвола уствари е најатрактивна и највадена. На крајот на годината, кога концесионерот ги враќа кочаните и кога кажува во Министерство колку продал дозволи, секако кажува само за дневни, седумдневни, 15-дневни и годишна за својот ревир - регионалната за која уствари се земени најмногу пари и се продадени најмногу дозволи никаде ја нема
Црни пари - сива економија
Трето - Државата нема никаква контрола врз концесионерите во врска со фамозната регионална дозвола, ниту еден инспектор не може да праша, ниту да забележи какви се тие регионални дозволи, ниту пак колку чинат, ниту пак колку такви се продале затоа што законот тоа не му го дозволува на Инспекторот - едноставно како грав - неможеш да водиш евиденција, ниту да прашуваш, ниту да евидентираш нешто што го нема во закон,.....а со регионални е покриена пола Македонија
Со еден збор - СЕ ТОА Е НЕЗАКОНСКИ !!!
И сега кога истите не ги дозволија, никој не вика “абе дај да дадеме иницијатива тие регионални да станат законски“,...туку сите почнуваат да кукаат,....ејјјј ќе немало регионални....
Ја се согласувам дека таква “регионална“, или “групна“ или каква и да ја наречеме таа дозвола е потребна, за доброто на сите нас рибарите за да може со една дозвола да ловиш на ревири кои ти си ги избрал и платил,.....НО тоа треба да се внесе во закон за да бидеме легални и законски. Попросто неможе да биде, внесување во законот во тој членот 50 уште еден ред кој ке гласи РЕГИОНАЛНА ДОЗВОЛА. По ова, Министерство ќе испечати кочани со парагони и за овие дозволи, здруженијата ќе можат легално да се договараат, ако некој не го почитува договорот ќе може да се оди на суд, нема да има ситуации во кои тој што ја издава регионалната не му ги дава парите на другиот, рибарите кои ќе ја извадат таа регионална нема никој да ги заебава и на сред година да им каже е сега таа не важи, нема да има црни пари, државата ќе има контрола и на овие дозволи, како и на сите други што се законски и СИТЕ ЌЕ БИДАТ СРЕЌНИ И ЗАДОВОЛНИ
_____________________
Сега уште да се најде некој кој ќе ја поднесе иницијативата