Ако му дадеш шанса на крапот да се ослободи, модифицирај си. Тоа веќе не е Chot. Но пази и да не треба да му докажуваш на судија или на некој друг натпреварувач дека тоа функционира. Не си играј играчки со приближно ефикасни системи. Ако ептен е успешен и дава радикално подобри резултати впушти се во опасните води да објаснуваш дека е сејфти.
Еве ви еден пример, за кој што некои и знаат. Иако е
мислам дека ќе биде поучен.
Така на едно СП, некој извади риба на скинат конец. Мноооогу важна риба. Риба на скинат конец можеш да извадиш ако тој конец е дел од актуелно пласираниот мамец и конец. Предраг и Жиле фатија риба на кој начин? Затитка сигнализаторот и влечат, ама нешто чудно. Влечејќи, доаѓаат до една тутка заплеткан конец на основниот и двата измешани во топка поголема од тениско топче. Судијата над глава и прати внимателно што се случува. Кога топката заплеткан конец стаса до првото окце момците фатија со раце да ја довлечкаат рибата. Ја довлечкаа и пристапија кон отплеткувања. Судијата во око претворен. Се извади рибата се стави во сак, се отплетка основниот актуелен конец и се стави на боцкалки целиот систем сочуван и во ред. Скинатиот конец се сочува во вид на топка и настана проблем. Дали рибата беше на скинатиот конец или на основниот актуелниот. Двата конци беа исти но на кој беше фатена рибата? Риба на порано скинат конец не се признава. Риба на активниот конец кој во моментот на вадење се заплеткува со претходно скинат конец се признава.
Три дена состанчевме со натпреварувачка комисија. После голгота и десет состаноци и расправии (и дуза почастени коњаци од свој џеп, ќе купев уште еден Greys со тие пари) комисијата со мнозинство одлучи да ни ја признае рибата (повторно големо фала на Чича и другарите од Хрватска, Игор од Русија и да не тупам). Таа риба имаше огромно влијание да завршивме 8-ми на СП во Франција.
Наравоучение. Ако можеш бегај од нејасни ситуации и дискутабилни системи и техники. Обично одлуките се негативни.