www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 27, 2024 3:43 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1234»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 8:33 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Феб 28, 2011 11:19 am
МислењаCOLON946
ЛокацијаCOLONSkopje
Cekam da zavrsi so celiot tekst pa da kazam :bravo: za kolegata. Tekstot bash me osvezi od prepukuvanjata sto gi citam vo posledno vreme okolu dozvolite i drugite problemi povrzani so koncesionerite :evil:

_________________
Ne e bitno samo da se opametis, tuku toa naveremeno da bide !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 9:19 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
:fishing: :volku_golema:

Jerkbaits - Џеркови

[ img ]

Се група на воблери која добива се повеќе фанови (или фанатици можеби) насекаде во Европа. Доаѓајки најчесто од USA, овие воблери без пакта го запоседнаа европскиот пазар пред десетина години. На почетокот беа многу скапи играчки, индивидуално увезувани од USA. Се се смени во 2000-та година кога Салмо од Полска, кој беше прв производител на џеркови во Европа, почна да ги произведува Jack и Fatso, во нивната понуда. Jack и Fatso брзо станаа популарни и признати помеѓу европските вараличари. Се разликуваа од “amerikancite” по нивниот реален изглед и пристапна цена.
Наскоро се испостави дека и грабливките гo “ценат” дизајнот на овие џерк воблери. Како резултат на тоа, само една година по почетокот на производство, имаше редови од вараличари во Холандските продавници кои ги чекаа полските џеркови. Како одговор на успехот, Салмо произведе уште два нови џерка Warrior и Slider. Денес сите овие џерк воблери се сметаат за класика. Овопј тренд на пазарот исто така беше забележан и од други производители и денес секоја респектабилна риболовна продавница има респектабилна колекција на џерк воблери. (Не и кај нас, ова важи само за Европа ;) )
Зошто се различни од другите воблери? Дали е вистина дека привлекуваат поголеми риби? Или сепак е ова само голем маркетиншки трик? Џерковите се голема група на воблери. Со некои од нив толку лесно се ракува, што е навистина е тешко човек да погреши! Други пак, особено класичните модели, се воблери кои човек мора да научи да ги сака, а првата лекција треба да се направи под надзор на искусен колега како учител. Сепак имаат заеднички особини. Прво немаат пакта. Второ, бараат инвентивност кај вараличарот. Таканаречените класични џеркови се екстремен пример, без претходно знаење пректично е невозможно да уловиш боло што со нив. На крај, за да ги запознаеш нивните предности и да го осетиш задоволството во риболовот со џеркови, неопходно е да се користи соодветна опрема. Тоа е во основа на сите големи џерк воблери кои се тешки и над 45 грама.

Продолжува ...

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 9:19 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Ное 18, 2010 10:28 pm
МислењаCOLON2806
ЛокацијаCOLONskopje
Me bendisuva tekstot kolega ;) ..Gony ne se sekiraj ni ja ne gi citam tie temi...

_________________
JA KAKO MAL IMAV MLECNI ZABI A SEGA IMAM 3 ST.CROIX......
DA ZIVEE SPINOT.................................................


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 9:46 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Класични џеркови

[ img ]

Ги спомнавме погоре, се оние кои се најтешки за ракување. Бараат полна концетрација и инвентивност од вараличарот. Мора да се водат многу активно користејки ги трската и машинката во исто време синхронизирано. На овој начин, со помош на последователните трзаи, повлекувања и паузи, го градиме работниот профил (акцијата, движењето) на нашиот џерк, сличен на сечило од пила. Поради тоа што џерковите не прават голем отпор во водата, многу лесно се случува да се изгуби внимание и да се дозволи мев на конецот или заплеткување после посилно повлекување. Ако во тој момент се случи напад врз џеркот невозможно е на време да се контрира. Затоа е многу важно да се елиминираат на време мевовите кои се јавуваат. Класичните џеркови се тешки за риболов. Потребно е време за да почнат да ти се допаѓаат. Исто така потребен е напор и време за да научиш да ги користиш. Но тие тоа го заслужуваат. Трофејните штуки фатени со овие џеркови, една по друга, секоја година, на места кои се сметаат како ревери за мали улови, се најдобар доказ.


Продолжува...

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 9:56 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Gonny НапишиCOLON
Cekam da zavrsi so celiot tekst pa da kazam :bravo: za kolegata. Tekstot bash me osvezi od prepukuvanjata sto gi citam vo posledno vreme okolu dozvolite i drugite problemi povrzani so koncesionerite :evil:
Да ти кажам право Гони од истата причина земав да напишам нешто, поединци се без осет таму :evil:

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 10:00 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
како да го преведам Pullbaits :| Влечечки џерк? :lol: :hit_head:

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 10:21 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Mnogu mi se dopagaat tekstovite :D Sekoja cest za trudot :NotWorthy:
Pullbait bukvalo ide vleci-mamec :D

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 10:40 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Уште една група на џеркови се таканаречените -

Pullbaits – Pull = влечење


[ img ]

Повторно, како што кажува самото име, овој тип на џеркови се водат за нијанса по едноставно од класичните. „Pulling” (влечењето) се врши со врвот на трската, без непотребно забрзување. Во зависност од ситуацијата (позицијата на риболовецот, длабочината на местото), правиме движења со врвот на трската надолу кон водата или нагоре . И покрај тоа што немаат пакта, пул-џерковите имаат одредена акција и други движења дури и при еднолично влечење. Сепак, нај ефективна техника е да го повлекуваме врвот на трската постојано, во исто време елиминирајки го мевот со машинката. Добрите тонечки пул-џеркови прекрасно играат со боковите додека тонат. Правејки големи паузи додека мамката тоне може да биде многу ефикасен метод за риболов на штука во есен.


Продолжува ...

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 11:19 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Многу посебна група на џеркови се –

Gliders – Глајдери (Glide = едрење)

[ img ]

Во авантурите со џерковите, глајдерите дефинитивно би требало да ви бидат ваш прв избор. Уште еднаш името прекрасно ја опишува акцијата на овие мамки. После секое повлекување (џерк) тиe продолжуваат да “едрат” (glide) наизменично на десно и на лево , како да го хипнотизираат грабливецот. Риболовот со глајдерите е толку пријатен и посебен што тоа ке ви претставува вистинска забава. Покрај тоа, овие мамки се неверојатно ефикасни. Се користат во риболов на штука, смуѓ, бас всушност за сите останати грабливки вклучувајки ги и морските видови. Глајдерите, како и останатите џеркови ги има во пливачки и тонечки верзии. Најдобрите меѓу нив имаат и додатна акција за време на паузите меѓу две повлекувања. Тоа е посебно корисно кога ловите спори мрзливи неактивни грабливки. Кога користите тонечки глајдер , добро е да се прави пауза и по неколку секунди (во зависност од длабочината). Гјајдерот пополека тоне, фино треперејки (конецот е затегнат!) . Ретко која штука може да одолее на ваква презентација. Пливачките глајдери може да се користат за риболов во густа трска, или веднаш над затревениот дел, водејки ги полека низ водената површина. Нема никогаш да ги заборавите нападите врз глајдерот воден на овој начин! Исто така треба да се спомене дека практично сите пул-џеркови и глајдери се погодни за влечење со чамец (тролинг). Потребно е да се држи трската цврсто во раце, движејки го врвот од време на време за џеркот да произведе додатна акција.

Продолжува, (ама утре вечер) :) ...

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 27, 2013 11:20 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
:bravo: imas eden kiler od mene :D :D

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 11 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum