... абе дечки, вчера клубов наш охридски „Свети Апостол Петар“ имаше годишно Собрание. Од сите работи шо ги разговаравме за сите нас е најинтересно тоа што НЕМА КОНЦЕСИЈА !!!Деан, верви ми опасно е каде и да ојте на риби, дали на Сатеска, на Дрим или на езеро, официјално е ЗАБРАНЕТО!!!Едино шо моментално се ловиТ е на каналот и тоа е ама гледање низ прсти.
Сите ние, мислам на сите риболовци во МК, ризикуваме многу поради тоа шо правиме прекршок спрема законот. Моментално се напишани 26 прекршочни пријави на ниво на МК, и казните биле променати од 300 до 600 евра на 1.500 до 3.000 евра (колку е точно не знам) ... Не знам бе дечки до кога вака
ТребиТ ли да излезиме и ние на протести или ајде нека каже некој решение на проблемов. Не ми се оди на риби со страв, па да го е..м јас одмам да се рекреирам а не да крадам нешо, а + то и плаќам на државава. Толку сум иритиран на таа „НАША“ МРФ, шо да би имал некоја моќ би ја избришал за навек
Дечки, или заедно да се здружиме да го решиме проблемов или одговорните во коалиција со рибокрадците и понатака ќе ни ја кројат иднината во која нема да е регулиран нашиот статус