Kolegi, podole tekst od denesen Vecer, a go zemav od
www.vecer.com.mk ama mi rekoa deka pisuvalo i za Tikveskoto ezero koe bilo edinstveno so vazecka koncesija do juni 2011. ama toa ke go najdeme vo pecatenoto izdanie. Inaku toj pratenikot sto go spomenuvaat vo tekstot Jordan Ginov e od Kavadarci slucajno, pa se cudam dali imaat nekakva vrska so ovoj nasiot indijanec SELEKTA.
И фирмите рекреативно ќе ловат риба
Собраниската Комисија за земјоделство го прифати Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура.
-Усогласување со мерките за унапредување на казнената политика и подобрување на бизнис-климата се клучни цели на измените - истакна заменик-министерот за земјоделство, Перица Иваноски, образложувајќи го текстот.
Измените предвидуваат овозможување правни субјекти, освен стопански, да организираат и рекретивен риболов. Со нив воедно се класифицираат прекршоците зависно од видот и тежината, но се воведува и едукација за сторителите на прекршоци како превентивна мерка за намалување на евентуалните глоби.
-Предвидени се измени во насока на доуредување на организирањето рекреативен риболов. Се предлага давање можност, покрај риболовните здруженија, за концесија на рибите за организирање рекреативен риболов да учествуваат и правни субјекти - рече Иваноски.
Јован Гинов од ВМРО-ДПМНЕ ги поздрави понудените решенија, но изнесе забелешка во однос на лиценцата за рекреативен риболов што ја издава Риболовната федерација, алудирајќи на потребата од нејзино укинување. Риболовната федерација, оцени Гинов, во ниту еден случај не може да биде над Министерството за земјоделство, а средствата што ги зема по основ на издавањето лиценци одат кај ограничен број луѓе, не во Буџетот.
-Секој граѓанин ако сака рекреативно да лови риба каде било во Македонија и независно колкав период, макар само еден или половина ден, не може да извади риболовна дозвола од Министерството преку концесионерите ако претходно нема легитимација од Федерацијата. Легитимацијата се издава единствено во седиштето на Федерацијата во Скопје и чини 400 денари, плус минимум 200 денари за фотографии или вкупно, најмалку 600 денари. Притоа, риболовецот не добива никаква услуга за уплатените средства, туку само документ за идентификација. Легитимацијата за идентификација издадена од Федерацијата не може да биде повалиден документ од личната карта што ја издава МВР - рече Гинов.
Риболовните дозволи што ги издава Министерството за земјоделство чинат различно, дневните од 50 до 200 денари, а годишните од 400 до 2.000 денари.