Само што стигна на е-маил иницијативата од МРФ (што ја предложи РИБАР)
Е сега, јас во предлогот на е-маил никаде не прочитав дека средствата би се враќале на здруженијата според бројот на издадени легитимации!
На овој начин, како што е направена иницијативата, парите ќе останат во МРФ и ќе се искористат за “порибување и заштита“.
Еве го предлогот на МРФ во член 49:
- 30% за заштита и порибување на риболовните ревири и рекреативни зони во Република Македонија.
Остварениот приход од ставот 4 алинеја 2 на овој член Македонската Риболовна Федерација го наменува исклучиво за заштита и порибување и за истото доставува извештај најдоцна до 15 јануари во тековната за извршени активности во претходната година, до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
А еве го оригиналниот предлог на РИБАР 2011, што беше во корист на риболовните здруженија:
- 30% за Риболовните здруженија преку кои се доставени информациите за лицата кои ја вадат оваа легитимација, уплатени најдоцна до 31 јануари за претходната година.
Риболовните здруженија остварениот приход од ставот 4 алинеја 2 на овој член го користат исклучиво за порибување и за истото доставуваат извештај најдоцна до 15 јануари за порибувања во претходната година до Риболовната федерација на Македонија.
Со програмата од ставот 5 на овој член федерацијата доставува и писмен доказ за уплатени средства на Риболовните здруженија од ставот 4 алинеја 2 на овој член.
Јас сум против вака да оди иницијативата!!!