Не сакав да се вклучам во дискусија, ама ќе пробам накратко ако можам да ја решам дилемата.
Примерот со уплатницата ... тоа не е дозвола. Дозвола се знае што е и мора да се поседува тој формулар.
Доколку се изврши уплата во банка мора да се отиде кај концесионерот и да се подигне дозволата, само тоа е исправно и ништо друго.
Концесионерите имаат обврска да издаваат дозволи за ревирите кои ги добиле под концесија. За овие ревири потребно е да покажеме само легитимација од било које здружение и МОРА да ни издадат дозвола. Доколку не ни издадат, се знае ... ДИЗ.
Концесионерите за да им излезат во пресрет на СВОИТЕ членови склучуваат договори со други концесионери за да нивните дозволи важат и на други ревири. Овие договори концесионерите не се должни да ги склучуваат, а според тоа и НЕ СЕ ДОЛЖНИ да ги продаваат. Бидеќи вакви дозволи постојат и се продаваат, концесионерите сами си одредуваат услови според кои ќе ги издаваат ваквите дозволи. Уште еднаш ќе нагласам, концесионерите не се дожни да склучуваат договори со други концесионери, туку тоа го прават за да го задоволат СВОЕТО ЧЛЕНСТВО и никој не може да им наложи да ти издадат таква дозвола. Најголемите здруженија најчесто со овие дозволи билдаат членови, а со тоа и делегати во МРФ.
emil mozes samo ova da go objasnis...imate vaseto sdruzenie revir od vardar so dogovor pomedgu niv,, jas sum od skopje, vadam clenska od ribar a plakam dozvola kaj vas i zimam kniska od kaj vas, so site reviri koi gi imate na raspolaganje,,
e sega idam na vardar na riba, i mi idat vardar i mi ja zimaat trskata od sto nemam izvadeno dozvola od kaj niv, a imam iregularna dozvola za revirot sto lovam u momentot...
moze li vrdar da mi napravi problem....i koj snosi odgovornost,,vie ili vardar..u ovaa situacija