Мене лично друго нешто ме интересира околу дозволите.Читам на неколку места дека секој рекреативен риболовец може да извади дозвола од кое сака риболовно здружение.Јас последниве 3 год.сакав да извадам дозвола од "Пчиња" или "Дам" Куманово меѓутоа фино бев одбиван со зборовите дека истите имале договор со "Вардар" да не издаваат дозволи ако не си жител на Куманово (или некое село кумановско).Лично сум бил во канцеларија на "Пчиња", а со"Дам" преку тел.Оваа работа ама ич не ми е јасна и молам ако има некој што ја разбира да ми објасни зошто тоа беше така и дали ќе биде така и оваа год.Да се разбереме барав да извадам дозвола од поскапата онаа што е со договор со други здруженија.Среќни празници и БИСТРО.
Лафе, ти од Пчиња можеш да си извадиш годишна за Пчиња 1, нивниот ревир, ама не можеш да извадиш нивна дозвола во која влегуваат и други ревири договорени со други концесионери. Кога би можело тоа, цело Скопје би вадело поефтини дозволи за Вардар преку Пчиња, наместо од ЗСР Вардар. Меѓутоа, за годишна за нивниот ревир, не смеат да не ти издадат.