stom vece kaza deka go lovis cesto somot na vardar dali e podobro mamecot da go izdignam na dnoto na nekoi 10cm ili da lezi na dno zboram za mamci kako konjstip dziger,kaliforniski crvi,pijavica
Што знам што да ти речам.Најубави резултати до сега сум имал со пијавица на дно, со подвез и 8ца и нормално подвижно олово оддалечено од јадицата на едно 60 см. Но сепак мислам дека кога станува збор за џигер и коњштип треба да се проба со кренат мамец токму како што велиш ти.Ама мислам дека треба да се најде добар мирен вир. Лично досега не сум пробал но треба да се проба.Нервозен сум зошто водата на Вардар братче ужасно многу варира.Сеа пред две недели бев на Црвени брегови на самата кривина кај што е 90степени лак.Ти немаш поим што се деси.Откако го бележав нивото на водата околу 20ч во 01ч беше 2м погоре качена. Не го поместив бележникот и коа сабајлето во 06 таа беше 2м под бележникот.И сакаш да ти јаде рибата. Нема логика! и ај сеа одлучи се со каков систем да ловиш? на дно или поткренат погоре.Све живо и диво однесе таа вода неможе да се смири конецот, оловото не му дава да легне доле. Аимав ставено плочки по 80 гр. и сабајлето у 6:30 удар.Лигавец од 400-500 грама.Срекја беше закачен на муцка па го откачив и жив го пуштив.ако имаше залапано до желудник.......ке угинеше!