Нјапрво многу ми е кајф што Ви се допаѓа аквариумот
-ниска трева сум пробал,се прља кога има повеќе риби и се оштетува при смукање-чистење со црево
-Филтерот да,споен е во целост со аквариумот или поточно се наоѓа внатре во него.
-Чистењето не е никаков проблем,материјалот во филтерот-песокот големина на камчиња 3ка или 7-8мм,покрупен сунгер,па поситен сунгер,го чистам на 6 или 7 месеци а генералка со бришење и на стаклото на повеќе од година дена.
-Воздушна пумпа да,потопната не ми е природна а и плус ќе ми земе прилично место,димензиите на аквариумот се 80 должина,50 висина и 40 см ширина,бидејќи филтерот е внатре и камењата во него,песок,сето тоа зазема прилично место,ама пред се не е природно.Сигурен сум дека не ја примети цевката за нечиста вода од аквариум во филтер како и цревото за распскувачот,кое многу малку се приметува,сето тоа е добро скриено.
-камењата се циментирани,најпрво е пробано со силикон но небило успешно па потоа е цементиран,јас таков го купив пред 15 па и повеќе години
-тежок е многу,стаклото е 8ца исто и капакот,досега да чукнам во дрво сум немал никаков проблем.Празен без капак,вода и песок е многу тежок,двајца здрави мажи едвај го носат,од тие причини ми направив постоље со тркалца и можам полн полека да го померувам по потреба,за кречење,чистење и сл...