2013 планирам да се подновам со нов дишечки комбинезон и чевли за таа намена. Се мислам помеѓу два модела од два различни производители и продавачи од две различни земји (Србија и Бугарија) ама може тука да се донесат. Некој да не има искуство со нив.
Vision
Направен од водоотпорен и дишечки материјал "Ф 3,5 ТМ ткаенина." Горниот дел на комбинезонот е направен од три слоеви на ткаенина, а долниот од 6 слоеви на ткаенина. Овој концепт ги прави овие костуми издржливи и сигурни, дури и кога се движите низ многу тежок и обраснат терен. На горниот дел на предната е ставен голем џеб со водоотпорен "Riri " патент.
Со комбинезонот доаѓа лесно прилагодлив каиш.
Hooper чевли се направени од многу посебен квалитет на најлон ткаенина, што ги прави исклучително лесни, но сепак издржливи во тежок терен.
Во горниот дел чевлите се удобни, со неопренови интегрирани браници за заштита на зглобовите и се стабилизира одењето.
Со метални елементи, кои спречуваат лизгање на калливи терени.
Airflo
Високо издржлив комбинезон направен од 3 слоја дишечка ткаенина.4 водоотпорни џеба и појас за подршка на половината.
Одличен партнер на Airflo Делта кобинеозни. Airflo Делта даваат максимална поддршка и се одлични за пролонгирани периоди на употреба поради лесен дизајн.
Цена околу 300 еур. Разлика во цената е 30-40 еур , Vision се поскапи но долниот дел е од 6 слоја а тој знае највеке да попушти. Од друга страна попрактични се Airflo, имаат 4 џепови напред, за кутии, предвези, цигари...
Моментално ги гледам овие две понуди ако знае некој подобра слободно нека напише.