АЛОООООООО ЧИТАЈТЕ за кој ташак го ставив линкот
Датум: 19.10.2011, 18:38
Д-р Љупчо Kостадиновски, началник на Одделението за хигиена со здравствена екологија во Институт за јавно здравје - Скопје, вели дека според нивните мерења што се вршат од април до септември, реките во Скопско - Вардар, Лепенец, Треска и Пчиња - бактериолошки припаѓаат на четврта, а хемиски на петта класа.
Тој објаснува дека овие води не смее да се користат за капење, полевање или напојување добиток.
- Во лето е најлоша состојбата кога протокот на вода е помал, па е зголемена концентрацијата на штетните материи. При капење секој човек реагира поинаку. Мештаните можеби се навикнале на бактериите, но другите може да добијат проливи, повраќања, разни кожни болести како, на пример, шаренило на кожата, кое лесно се добива, а тешко се лекува. Ако се наводнуваат градинарски култури со загадени води, плодовите може да ги примат штетните состојки. Таквите градинарски производи ние не можеме да ги извеземе и како такви завршуваат на нашите пазари и ние си ги консумираме. Затоа и треба при купувањето да се прашува од каде потекнуваат производите. Секако, ниту рибата од овие реки не е за јадење бидејќи е најзагадена затоа што во водите има тешки метали и отрови (железо, олово, цијанид и друго н.з.). Рибата треба да се купува од рибници - вели д-р Kостадиновски.
Тој наведе неколку параметри за да го илустрира нивото на загадување.
- Во Вардар кај Трубарево, според последните мерења, на 100 милилитри вода има над 240.000 колиморфни бактерии, а максимално дозволено е 20.000. Има и ентерококус на ниво за четврта класа, а се наоѓаат и специфични бактериофаги, кои воопшто не смее да ги има во водите. Иста е и ситуацијата во Лепенец, на мерното место на утоката во Вардар. Освен бактериолошки, во овие две реки има и големи хемиски отстапувања. На пример, за нитрити е нормално да има до 10 микрограми на литар, а во Вардар има 60, во Лепенец дури 90. Дозволено количество детергенти е до 500, а во двете реки има и до 900 микрограми на литар. За фосфати нормално е до седум, а имаме 78 микрограми на литар во Вардар и 87 во Лепенец - вели д-р Kостадиновски.
_________________ Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..
|