www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 15, 2024 9:58 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2

Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «123»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Викенд 25-26.12.2010
ТемаИспратеноCOLONПон Дек 27, 2010 4:32 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
kire НапишиCOLON
Попара,растур систем ...

http://img832.imageshack.us/img832/5509/ulovnaribi.jpg
:lol: овие само на ДЕБЕЛ Црв се ловет :lol:

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Викенд 25-26.12.2010
ТемаИспратеноCOLONПон Дек 27, 2010 7:40 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Машала, машала, брзо кепчето... :lol:

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Викенд 25-26.12.2010
ТемаИспратеноCOLONПон Дек 27, 2010 8:07 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Инаку што се однесува до викендот, не чакајте информација од Кременадла, многу јако помина, па сега неможе да им се изнаглеа на сликите.

Еве накусо како поминавме:
Прво - по паметот на Кременадла и на другарот Филип, ја зацепавме да ја бараме таа Студена Бара
Второ - страшно се заебавме што тргнавме преку Коњарињата (Филип мисли му ја), по моабетите на Филип “ги проаѓаш коњарињата, одиш сушица, винце, в“кав и таму си“. Епа така лесно не е и има многу раскрсници и ситуации во кои незнаеш дали лево или десно. Така ние ја зацепавме и скоро да стигнавме до Свети Николе, арно по пат сретнавме едни ловџии кои ни кажаа дека сме забегале. После забегавме уште еднаш во село Винце и после уште еднаш. Среќа селаниве се ранобудни па имаше кој да се праша. Го најдовме патот за мочаното В“кав, арно ама кој да ти знаел дека таканаречениов пат е преку планина и по него и Лада Нива тешко се снаоѓа. Дупки, камења, кал со тони, вирови во кои може и риба имаше.....шо да Ви кажам...колата лом, ама нема враќање, рибарски памет...едвај стигнавме до село В“кав (богу иза леџа), па до село Пчиња, па конечно до село Студена Бара. Таму лепота
[ img ]
Пчиња претходниот ден го имала поплавено цело поле. За да дојдеш до река, поминуваш во 50 метри кал и вирови.
[ img ]
Не секој успал :?
Едвај дојдовме до реката,
[ img ]
Шо да ви кажам, не ми се сликаше понатаму во текот на денот

Едвај најдовме едно какво такво местенце, на 5 метра тројца, закачуваш во река, закачуваш на гранки, закачуваш лево, закачуваш десно, убајни

Еден ветер не убиваше, ама тук таму ќе скокнеше некое рипче и ќе не полажеше
Цел ден, мамци - бел и црн црв, леб, водата варираше, 3-ца - исход , 1 кркушка, 2 белвици и 3 попадичиња (од кои само 2 за уста), ја го јадев од Црнецот, тоа признавам, едноставно пробав на повеќе места, не мрдна ништо и за кратко се разочарав и не се замарав повеќе.
Можеби не бевме на правото место, можеби бевме во бош време, сумарно, откривме уште едно место во земјава и поминавме не баш сјајно

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Викенд 25-26.12.2010
ТемаИспратеноCOLONПон Дек 27, 2010 9:08 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
www.ribar.com.mk НапишиCOLON
вирови во кои може и риба имаше.....

... е со ова ме изнасмеја :lol: :lol: :lol: барем во виројте да пробавте :mrgreen: :mrgreen: :mrgreen:

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Викенд 25-26.12.2010
ТемаИспратеноCOLONПон Дек 27, 2010 9:13 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Спрема тоа каква беше реката и оној југот кој што дуваше,можам слободно да речам дека и не сте поминале така лошо.Ние на Бадар барем тие што ловевме или барем пробувавме да ловиме на река сите го јадевме од црнецот,а и не верувам дека некој се спасил,за тие на дупките незнам.Во реката немаше ништо да мрдне барем не риба а шишиња колку сакаш.Кога бев прв пат во Студена Бара ловев баш таму кај што сте оделе и фативме по нешто но само сабајлето.Инаку стазата како што ја викаат таму, е назад накај с.Пчиња на излез од Студена бара кај игралиштето.Но да се разбереме теренот е многу сменет од последните поплави. :mrgreen:

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Викенд 25-26.12.2010
ТемаИспратеноCOLONПон Дек 27, 2010 9:23 pm 

А за патот откај Коњаре накај Студена Бара или поточно с.Пчиња,ние го возевме, тогаш беше суво и навистина небеше лош.Сега по дождовите незнам какое можеби е лош. :D

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Викенд 25-26.12.2010
ТемаИспратеноCOLONВто Дек 28, 2010 12:12 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Ное 18, 2010 10:28 pm
МислењаCOLON2806
ЛокацијаCOLONskopje
Abe se iznasmeav ubavo,pa neli gi vidovte rekive kako Vltava se i gabe idenje ama GZ ribarski ne sedi madro pa ako treba i kal do gisa ke se gazi samo tapa da se namokri.Jas nesum bil vo taa Studena Bara a i po slikive kako sto gi gledam nema ni da odam,za razlika od vas nie pravevme so Fisher king (GORJAN) po edno kafe vo biser i moabetevme za riba,samo me interesira koga se vrativte vo Skopje vo peralna sto ve prasaa ciganite od kade se vrakate so volku kalista? :lol:

_________________
JA KAKO MAL IMAV MLECNI ZABI A SEGA IMAM 3 ST.CROIX......
DA ZIVEE SPINOT.................................................

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Викенд 25-26.12.2010
ТемаИспратеноCOLONВто Дек 28, 2010 12:34 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Oкт 28, 2010 9:01 am
МислењаCOLON116
Јас во неделата бев на Црна, со мојата екипа. Од уливот до мостот на автопатот имаше едно 100 -тина рибари. Стандардно, како и цел месец претходно, се вадеше ситна еѓупка, ама и не јадеше баш најдобро. Ние бевме тројца и заедно фативме 2,5 кг, ништо особено ама барем се занимаваш ;) . Па ако ви се вози до уливот на Црна во Вардар, прошетајте се, сигурно ќе фатите повеќе отколку во таа ладната бара на Пчиња :) .

Поздрав

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Викенд 25-26.12.2010
ТемаИспратеноCOLONВто Дек 28, 2010 8:22 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
kompir99 НапишиCOLON
Abe se iznasmeav ubavo,pa neli gi vidovte rekive kako Vltava se i gabe idenje ama GZ ribarski ne sedi madro pa ako treba i kal do gisa ke se gazi samo tapa da se namokri.Jas nesum bil vo taa Studena Bara a i po slikive kako sto gi gledam nema ni da odam,za razlika od vas nie pravevme so Fisher king (GORJAN) po edno kafe vo biser i moabetevme za riba,samo me interesira koga se vrativte vo Skopje vo peralna sto ve prasaa ciganite od kade se vrakate so volku kalista? :lol:

Kе ги начекаме ние на Студена Бара ич не се секирајте само да се стабилизира реката,а кога ке биде тоа е друго прашање :D ,ама после ке видиме чие гзе рибарско ке чеша :lol: :lol: :lol:

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Викенд 25-26.12.2010
ТемаИспратеноCOLONВто Дек 28, 2010 9:03 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
www.ribar.com.mk НапишиCOLON
Прво - по паметот на Кременадла и на другарот Филип, ја зацепавме да ја бараме таа Студена Бара
Второ - страшно се заебавме што тргнавме преку Коњарињата (Филип мисли му ја), по моабетите на Филип “ги проаѓаш коњарињата, одиш сушица, винце, в“кав и таму си“. Епа така лесно не е и има многу раскрсници и ситуации во кои незнаеш дали лево или десно. Така ние ја зацепавме и скоро да стигнавме до Свети Николе, арно по пат сретнавме едни ловџии кои ни кажаа дека сме забегале. После забегавме уште еднаш во село Винце и после уште еднаш. Среќа селаниве се ранобудни па имаше кој да се праша. Го најдовме патот за мочаното В“кав, арно ама кој да ти знаел дека таканаречениов пат е преку планина и по него и Лада Нива тешко се снаоѓа. Дупки, камења, кал со тони, вирови во кои може и риба имаше.....шо да Ви кажам...колата лом, ама нема враќање, рибарски памет...едвај стигнавме до село В“кав (богу иза леџа), па до село Пчиња, па конечно до село Студена Бара. Таму лепота
:D :D :D :D :D :D :D :D :D :D :D

Прво, никој не ве тераше во време на “поплави“ да одите на Студена Бара! Посебно не преку коњарињата, со оглед на временските прилики! Како што ви кажува и Кире долу, во нормални услови патот е добар :)
Второ, имењакот мој ме праша само кај да купи црви, а не ми кажа каде ќе оди (од преголема возбуда изгледа заборави), а јас пошо не одев никаде не се заинтересирав толку, а имав информација од Кире дека Пчиња е, цитирам, “огромна и ораница“, така да сигурно ќе му кажев да не оди :) Искрено, мислев дека ќе одите кај Демир Капија :)

Него Борисе, со твојата кола бевте? :mrgreen: :mrgreen: :mrgreen:

И зошто побогу не отидовте од горе, по автопат, па преку с.Пчиња. Ако ништо друго, ќе видевте колкава е и ќе ви станеше јасно кај сте се з'гнале :)

Не си свесен колку се смеев сабајлево уз кафе со твојава “сторија“ :mrgreen: :mrgreen: :mrgreen:

За ова имаш частење! :lol: Ќе ве носам по риба некаде! (Студена Бара) :lol:

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...

Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2

Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 23 and 0 гости

Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum