Колеги крапџии, сите очекуваме да фатиме капитален примерок на крап или амур и кога ќе дојде овој момент го овековечуваме со слика која ја чуваме во нашите албуми, телефони, форуми...
Ретко кој е сталожен и прибран во овие моменти па затоа се слика без да се обрне внимание на тоа како ќе излезе сликата!
Секако ретко сме сами па не можеме да сликаме како што треба.
На што треба да се обрне внимание-
1. Откако ќе ја извадиме убавата риба треба да ја положиме на мадот-душекот и да ја измиеме убаво од листови, кал.
2. Доколку има крварење на устата да се премачка и да се исчисти со антибиотик, а потоа да се измие.
3. Да се обрне внимание на околината каде што се слика убавата риба.
4. Секогаш да се направат повеќе фотографии од различни места и далечина.
5. Оној кој што фотографира има увид во сликата па треба да сугерира како да се држи убавата риба, рацете, прстите..
6. Доколку се слика ноќе убаво е да се изгасат лампите на глава за да сликата изгледа поубаво.
7. Пробајте да направите слики гледајќи во убавата риба а не во фотоапаратот.
8. Обавезно направете фотографија со позадина од водата.
9. Никогаш не брзајте при фотографирањето.
10. И на крај секогаш во вашиот прибор имајте најмалку еден фотоапарат