Приметив иде по врнежливата сезона од годината,а и поладната па затоа да напишам збор или два за колку е важно да се остане сув во врнежливи услови.Обично во летниот период не е страшни бидејќи се поголеми температурите и ризикот да се разболиме е многу мал али во есен,зима и пролет е сосема друга приказна.
Тука ќе подискутираме размениме искуства и знаење околу заштитата од дожд кога одиме на еднодневни рибарења,а немаме ниту шатори,а колата баш моравме подалеку да ја оставиме дека е лош теренот.Кога веќе купуваме облека за да се заштитиме од дождот парите не треба се гледаат бидејќи тука е нашето здравје во прашање и пожелно би било да се купи најдоброто
Е сега спинерџии,тападџиии или крапџии сто одат у 5 до 12 на риболов треба да имаат неколку парчиња важна облека чисто за во секој случај ако е врнежливо времето,а не знаеме дали ќе заврне.Прво треба да се облечеме со една подлога облека одколку што ни треба да ни е топло бидејќи ако е вишок ќе отиде во ранец,на земја или околу половината одколку да мрзбнеме
Веќе стигнавме до најважниот дел од облеката панталони,јакан и чизми.За јаканта и панталоните треба да гледаме да се од по одпорен материал на гребнатинки да не се кинат бидејќи знаеме да одиме по доста груб терен исто така да се пази кога веќе се купува дали се само шиени,лепени или и двете од наведените.Најдобар материал е нешто како тоа што се користи за шатор церада од камион
Не мислам буквално али има слично нешто.Јас со моето скромно знаење стекнато од читање,истражување и советување од луѓе чие што работно место ги носи често во природата колку толку тука го споделив и ја започнав темата
Има тука доста постари рибари што убеден сум дека ќе кажат збор два и ќе можат да посочат на помалку искусните во иднина што да купат.
Јас имам јакан и панталони од Gore-Tex и сум екстра задоволен и на пороен дожд не попуштаат плус се удобни,држат топло за поладните денови и имаат досда џебови.
Незнам колку чинат ми го купија од дома бидејќи на стариот тој што му беше од работа се му го крадев па да се одкачат од мене ми купија