www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 13, 2024 4:10 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONСаб Ное 05, 2011 3:05 pm 
Отсутен
Воздржан
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Дек 19, 2010 1:23 pm
МислењаCOLON49
ЛокацијаCOLONOhrid
До сите:
- Рекреативни риболовци,
- Спортски риболовци


Предмет- Барање подржка
на предлог инцијатива

Иницијатор:
Здружение на рекреативни риболовци
СПОРТСКИ КЛУБ СВЕТИ АПОСТОЛ ПЕТАР
од Охрид


наш бр. 146-03/11
од 05.11.2011 г.

ПРЕДЛОГ ИНИЦИЈАТИВА


Почитувани колеги, поттикнати од моменталната состојба во која се наоѓа рекреативниот риболов и рибниот фонд на сите риболовни ревири, акумулации и природни езера, покренуваме иницијатива за подобра заштита на рибниот фонд и регулирање на рекреативниот риболов, која ќе биде доставена до надлежните институции , За нашата иницијатива бараме подржка од Вас како директно засегнати рекреативци и спортисти од оваа законска регулатива.

Причини:

Во февруари и март завршија концесиите за користење на рибниот фонд на риболовните ревири, акумулации и природни езера, освен на Мавровско езеро и дел од река Радика кои спаѓаат во национален парк Маврово за каде не се доделува концесија. На Тиквешко езеро концесијата заврши во јуни 2010 година и на концесионерот од страна на Владата со одлука му е е продолжена концесијата до доделување на нови. Уште од ноември 2010 година баравме од Владата за да не дојде до правен вакум и концесиите да се продолжат со анекс договор се до доделување на нови за да го заштитиме рибниот фонд и да не ја распуштиме рибочуварската служба и нормално да се одвиваат сите активности на здруженијата како натпревари, порибување и др. Оваа наше барање беше одбиено со образложение дека не е законски да се продолжат концесиите со анекс договор. Испративме ново барање со кое баравме со одлука на Влада да се продолжат концесиите на ист начин како што е продолжена концесијата на концесионерот на Тиквешко езеро. Но до сега не добивме одговор на оваа барање. Потоа на 29 март се распиша конкурс за доделување на концесии за користење на рибниот фонд на риболовните ревири и некои природни езера. На крајот на август се отворија понудите а концесиите сеуште не се доделени. На 19.10.2010 во службен весник се објавија риболовните основи за акумулациите и природните езера. Риболовните основи за природните езера и некои акумулации доцнат цели три години , за нивно изработување тендерот беше распишан во 2008 година.
Да се потсетиме на риболовни води каде не е доделена концесија забранет е рекреативен риболов. Кога нема концесионер рибниот фонд треба да го штити Министерството за земјоделство , шумарство и водостопанство преку Државниот инспекторат за земјоделство. Државните инспектори кои се задолжени за пописи за доделување на субвенции на тутунопроизводителите, сточарите, пчеларите и овоштарите и др. Досега не влегле односно не се приближиле до риболовните води за да го заштитат рибниот фонд. Но затоа рибокрадците со сите недозволени средства за риболов го уништуваа рибниот фонд до истребување. Тоа се случи и за време на мрест на голем број видови риби од април до јули, а и сега кога почнува да се мрести речната пастрмка. Истата судбина ќе ја доживее и пастрмката во акумулациите и природните езера, затоа што за време на нејзиниот мрест нема да бидат доделени концесии, причината е таа што уште не е распишан конкурс за доделување концесии на акумулациите.
Од горе наведените причини а и во водените разговори со поголем дел од рекреативни риболовци и раководните лица на Риболовните здруженија во Македонија добивме усмена подршка да покренеме некои иницијативи и да побараме писмена подршка од Вас.

Бараме подршка за следниве иницијативи:

1. Да се доделат под итно концесиите за користење на рибниот фонд за рекреативен риболов на риболовните ревири, акумулации и природните езера.
2. Да се формира РИБАРСКА ПОЛИЦИЈА како што има Шумска полиција
3. Годишните дозволи да бидат со важност од 365 дена а не за една календарска година
4. Легитимациите за рекреативен риболов да бидат со важност од 365 дена а не за една календарска година.
5. Да се формира работна група и да се понудат измени и дополнувања на Законот за рибарство и аквакултура од Здруженијата на рекреативни риболовци и Спортските клубови.

Образложение:

Подршката за овие иницијативи ги бараме затоа што сите здруженија имаме финансиски загуби а рибниот фонд се уништува.

1. За првата иницијатива ако не се доделат концесиите под итно, ке продолжи уништувањето на рибниот фонд со сите недозволени средства, Здруженијата финансиски не ке можат да опстанат и ке згаснат.
2. Втората иницијатива - формирање на РИБАРСКА ПОЛИЦИЈА е од корист на сите риболовни здруженија. После оваа година кога нема концесионери на риболовните води рибокрадците народски кажано се намножија како пеќурки после дожд , се наоружаа и имаат современ алат и опрема за недозволен риболов . Во многу места на многу риболовни води има црни точки каде никој не смее да врши контрола . Со пуштање во контрола на тие места нашите рибочувари ги изложуваме на опасност по живот. Рибокрадците зедоа слобода па и Државните инспектори ги напаѓаат со весла и огнено оружје и им ги уништуваат службените возила. Затоа бараме да се формира Рибарска Полиција од 20 до 30 луѓе од специјалните единици на АРМ или МВР кои се испуштаат во пензија на триесет и неколку години. Оваа полиција би била обучена, наоружана и опремена со комплетна опрема и мобилна за брзи интервенции на сите критични места во Македонија. Недозволениот риболов согласно член 229 од кривичен законик е кривично дело така да ќе можат да одземаат алат и опрема со кое е извршено кривичното дело, и ќе можат да ги приведат сторителите на овие кривични дела. И ќе бидат мобилни во секој момент. Само како пример на Охридско Езеро годишно се одземаат околу 3000 мрежи а се поднесуваат од 5 до 10 пријави и се прикажува до 300 килограми риба. Тоа значи, рибарски гледано дека се чека да се фрлат мрежите за да се соберат рибите за да не се фатат сторителите и да се поднесе пријава на непознат сторител. Ова се случува во цела Македонија.
Со Законот за рибарство и аквакултура 30% од вкупно остварен приход од легитимациите кои ги издава Риболовната Федерација на Македонија се оделуваат и уплатуваат во Буџетот на Република Македонија. Тоа се пари од нас сите рекреативни риболовци што значи дека и ние учествуваме во полнење на буџетот . Ние риболовците преку Федерацијата сме единствени во светот како Невладини организација која го полни буџетот на една држава. Значи и ние имаме допринос за финансирање на Рибарската Полиција. Секаде во светот прво се врши заштита на рибниот фонд а потоа порибување.
3. По барање на нашите членови , а и во водените разговори со членови на другите здруженија исти се барањата - Годишната дозвола за рекреативен риболов да се издава и важи 365 дена а не за една календарска година. Во стариот Закон за рибарство пишуваше календарска година, во новиот закон за рибарство пишува Годишна дозвола. (еднодневна, седмодневна, петнаесто дневна и годишна)
4. За да се синхронизира предходната точка рекреативните риболовци бараат и легитимациите за рекреативен риболов кои ги издава Македонската риболовна федерација да се изддаваат со важност од 365 дена.
5. За донесување на Законот за рибарство и аквакултура не се консултирани Здруженијата на рекреативните риболовци а преку нив и риболовците, и со некои членови од Законот се нанесени големи неправилности на рекреативните и спортските риболовци, повеќе точки се во коализија со други закони, казнените одредби не се регуларни како што треба и не можат да се спроведат и многу други ненамерни и намерни грешки , (за да ги наброиме треба неколку страници).
Затоа бараме подршка да се формира комисија и да се покрене измена и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура.

Почитувани колеги како составен дел на ова предлог иницијатива е и формулар за подршка на сите точки поединачно. Тоа значи дека немора да ни дадете подршка на сите предложени иницијативи , ако мислите дека не се реални и нема да допринесат за развој на Рекреативниот риболов и заштита на рибниот фонд. Тоа можете да го сторите поединачно за секоја иницијатива.
Почитувани штом ќе ги добиеме вашите формулари, предлог иницијативата ќе помине во иницијатива и ќе биде доставена до сите надлежни и релевантни институции за рибарство во Македонија.

Преземете формулар http://www.ribari.mk/wp-content/uploads ... OLOVCI.doc

Со Почит и Бистро !!!

Вашате подржка, односно формуларот доставете го на
е-маил ribarskavistina@hotmail.com

Или по пошта на следнава адреса:
Здружение на рекреативни риболовци
СПОРТСКИ КЛУБ СВЕТИ АПОСТОЛ ПЕТАР
Булевар Туристичка бр 4/1-1
6000 Охрид







Иницијатор
Здружение на рекреативни риболовци
СПОРТСКИ КЛУБ СВЕТИ АПОСТОЛ ПЕТАР
од Охрид

Застапник – претседател
Радован Димитриевски


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Ное 05, 2011 7:50 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Jул 03, 2011 12:48 am
МислењаCOLON312
Site dobronamerni predlozi i inicijativi se dobredojdeni i za pozdrav, nezavisno od kogo i od kade doagjaat (da ne proraboti kaj nekogo egoto :mrgreen: ), bidejki site sme si vo ist esnaf i imame ista cel - zachuvuvanje na ribniot fond i opshto prirodata.
Poradi toa shto nam ribarite (sportski i rekreativni) ne ni preostanaa mnogu opcii za reshavanje na ovie problemi (sozdadeni od nebreznost), vo celoct ja poddrzuvam predlog inicijativata za podtiknuvanje na site onie koi imaat mandat za reshavanje na spomenatite problemi (koi patem recheno - sami gi kreiraa).
Vo interes na site, posakuavam da istraeme vo borbata so site krivotvorci, do konecho zadovolitelno reshenie.

Pozdrav do site lugje so dobra misla.
Bistro i chesno na voda!

_________________
PRAV PECAROS NE BIRA RIBI
Debeli-Slabi, Stari-Mladi
Bitno da ima TURI (FRLI) - VADI


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Ное 05, 2011 7:56 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Дефинитивно поддршка,мора еднаш да се стави ред во рибарењево :D

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Ное 05, 2011 9:15 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:44 pm
МислењаCOLON4404
Dadena e podrska od moja strana

_________________
https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Ное 05, 2011 10:41 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Oкт 24, 2011 8:06 pm
МислењаCOLON219
ЛокацијаCOLONБитола
A so da pravime so tie kako bo Bitola so podnesoa dokumenti za koncesija za Strezevo, osnovaci se na ribolovno drustvo a prvi se da mestat mrezi vo Strezevo. Go gledav nestoto so moi oci. Dzabe e na takvi da se dade koncesija. Tie namesto da stopanisuvaat i da se grizat za poribuvanje i red drugi raboti tie ke go ostavat ezeroto bez riba.

_________________
Фрли рипче, фати Крапче....


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Ное 05, 2011 11:05 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Ideja e za podrska a ako ima takvi kako vo bitola treba da se kaznat i sankcioniraat.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Ное 05, 2011 11:12 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
Dadena e podrska i od moja strana,pozdrav za inicijativata i daj boze da se stavi red vekje ednas za sekogas.

P.S.:Samo da ne se davaat koncesii na takvi(umobolni,isfrustrirani,kretenoidni) kako sto e doticniot od Tikvesko Ezero,


Pozdrav i Bistro.

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Ное 06, 2011 10:34 am 
Отсутен
Воздржан
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Дек 19, 2010 1:23 pm
МислењаCOLON49
ЛокацијаCOLONOhrid
limun75 НапишиCOLON
Dadena e podrska i od moja strana,pozdrav za inicijativata i daj boze da se stavi red vekje ednas za sekogas.

P.S.:Samo da ne se davaat koncesii na takvi(umobolni,isfrustrirani,kretenoidni) kako sto e doticniot od Tikvesko Ezero,


Pozdrav i Bistro.
VO SLUZBEN VESNIK OD 19.10.2011 GODINA IZLEGOA RIBOLOVNITE OSNOVI ZA MNOGU AKUMULACII I PRIRODNI EZERA SAMO JA NEMA ZA TIKVESKO EZERO, ZOSTO SAMO ZA TIKVESKO GOSPOD ZNAE. NA KONCESIONEROT NA TIKVESKO MU ISTECE KONCESIJATA VO JUNI 2010 I VLADATA SO ODLUKA MU JA PRODOLZI DO DODELUVANJE NA NOVI KONCESII. DRUGITE KONCESIONERI GO BARAA ISTOTO PRODOLZUVANJE NA KONCESII SO ODLUKA NA VLADA DO DODELUVANJE NA NOVI ZA DA SE ZASTITI RIBNIOT FOND. ZA DRUGITE KONCESIONERI ZA DONESUVANJE TAKVA ODLUKA NEMA ZAKONSKI OSNOV.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 07, 2011 5:07 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONПет Aвг 19, 2011 2:07 am
МислењаCOLON13
подршка дадена и од моја страна.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 11 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum