Ја отворам оваа тема од причина што риболовниот ревир „река Црн Дрим 1“ е доста посетен и интересен ревир за рекреативните риболовци од целата територија на РМ. Целта е што е можно повеќе да ги информираме риболовците за случувањата на овој риболовен ревир и за активностите на концесионерот ЗРСК Пастрмка - Струга.
Податоци за риболовен ревир „река Црн Дрим 1“
Риболовен ревир „река Црн Дрим 1” според Риболовната основа за „слив на река Црн Дрим“ го опфаќа течението на реката Црн Дрим од истекот од Охридското Езеро во Струга, крај хотел Дрим, низводно до вливот во акумулацијата Глабочица, мостот во с. Ташмаруништа е граница; Во истиот припаѓаат и реките: Сатеска, од регулациониот објект северно од с. Волино (општина Дебарца) до вливот во р. Црн Дрим, Голема (или Збашка) Река, од изворите до вливот во акумулацијата Глабочица, Каналот од Струшко поле, кој ги собира водите од Струшкото поле и од изворите во с. Шум, Беличка река, од изворот до вливот во Каналот на струшкото поле, Лабунишка река, од изворите до вливот во акумулацијата Глабочица, Вевчанска река, од изворите до вливот во р. Црн Дрим;
Концесионер на риболовниот ревир „река Црн Дрим 1“ е:
ЗРСК Пастрмка - Струга
ул. Маршат Тито бб (градски безистен 1 кат)
6330 Струга.
тел. 077 / 766 – 777
email :
srkpastrmka@yahoo.com
Рекреативен риболов е дозволен исклучиво со поседување легитимација и дозвола за рекреативен риболов.
Цени на членска карта, риболовни дозволи и легитимација за 2012 година:
200 ден. - членска карта за ЗРСК Пастрмка - Струга
400 ден. - легитимација за рекреативни риболовци издадена од МРФ
ЦЕНИ НА ДОЗВОЛИ ЗА РИБОЛОВ за 2013год.
1 000 ден. - годишна дозвола
700 ден. - петнаесетдневна дозвола
500 ден. - седумдневна дозвола
200 ден. - дневна дозвола
Уплата за членска карта и дозволи може да се изврши на жиро сметката од ЗРСК Пастрмка - Струга: 200 000 003 399 648 во Стопанска Банка.
* доколку рекреативниот риболовец веќе поседува легитимација извадена преку друго здружение, потребно е да си уплати само дозвола за рекреативен риболов.
** дозволите и легитимациите можат да се обезбедат во просториите на ЗРСК Пастрмка - Струга или, по претходно извршена уплата, во продавницата за риболовна опрема „РИКИ“ во Струга
Дозволени риболовни средства:
- Во дозволен риболовен прибор за рекреативен риболов спаѓаат: риболовни трски, риболовни машинки (орши) и разни видови на природни и вештачки мамки.
- При вршењето рекреативен риболов на пастрмка може да се употребува само една риболовна трска, со или без машинка (орша) и задолжителна упореба на вештачки мамки. Дозволена е употреба на следните вештачки мамки: еден блинкер со една јадица (трокрака, двокрака или едникрака) или еден воблер кој може да има до две јадици (трокраки, двокраки или едникраки) или три вештачки мушички кои можат да имаат еднокраки јадици.
- При вршењето рекреативен риболов на останатите видови риби, дозволена е употреба на максимум две риболовни трски со по три јадици на трска или максимум три риболовни трски со по една јадица на трска, со или без машинка (орша) и употреба на сите видови природни и вештачки мамки.
Рекреативен риболов е дозволен преку целата година освен во периодот за мрест.
Одредена е забрана за риболов поради мрест на одрдени видови риби и тоа во период:
Пастрмка - од 01. Октомври до 28/29 февруари наредната година
Црна мрена - од 15 мај до 30 јуни
Скобуст - од 15 април до 15 мај
Клен - од 05 мај до 15 јуни
Крап - од 15 мај до 30 јуни
Риболов на пастрмка е дозволен во периодот петок, сабота, недела и за државни празници во периодот од 1 март до 30 септември.
Сите уловени риби во периодот кога е предвидена забрана за истите, потребно е внимателно да се откачат од јадицата, неоштетени и во жива состојба да се вратат во водата.
За оние видови на риба за кои не е предвидена забрана за мрест рекреативниот риболов ќе биде дозволен преку целата година.
Голема река и Вевчанска река, по целото нивно течение се определени како природни плодишта каде се мрести пастрмката и на истите e определена забрана за секаков вид риболов во периодот од 1 октомври до 1 март
Дозволен дневен улов, по видови на риба, за рекреативен риболов :
пастрмка во река Црн Дрим - 2 примероци
пастрмка во притоките на река Црн Дрим - 3 примероци
црна мрена - 25 примероци
скобуст - 13 примероци
клен - 10 примероци
крап - 1 примерок
јагула - 1 примерок
Максимална дозволена количина на дневен улов на риба изнесува вкупно 3 кг. Доколку во уловот има разни видови на риба, вкупната количина во еден ден не смее да биде поголема од 3 кг, а воедно и не смее да бидат надминати максималните ограничувања за бројот на уловени единки по видови.
Рекреативните риболовци се должни редовно да водат евиденција за уловот и податоците да ги доставуваат до концесионерот.
Големина на рибите под која не смеат да се ловат:
Пастрмка во р. Црн Дрим - 40 см
Пастрмка во притоките - 30 см
Црна мрена - 20 см
Писа - 20 см
Скобуст - 25 см
Клен - 30 см
Крап - 40 см
Јагула - 50 см
Сите уловени риби под определената големина, потребно е внимателно да се откачат од јадицата, неоштетени и во жива состојба да се вратат во водата.
За останатите видови риби кои, кои не се наведени во табелата, може да се ловат во сите големини.
Ракот е забранет за ловење во сите големини.
Ова се основните и официјални информации за риболовен ревир „река Црн Дрим 1“.
Ќе се потрудам заедно со моите колеги овде редовно да ви доставуваме и информации за активноста на рибата, водостојот, репортажи ... :arrow:
viewtopic.php?f=17&t=2025