www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

ЛЕГИТИМАЦИЈА ЗА РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ ОД МРФ
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=99&t=1636
Страна 123

АвторCOLON  Филип [Пет Феб 03, 2012 11:08 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  ЛЕГИТИМАЦИЈА ЗА РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ ОД МРФ

Колеги риболовци,

Според законот, секој што сака да извади било каква риболовна дозвола (дневна, месечна, годишна), мора да поседува Легитимација за рекреативен риболов, која ја издава МРФ (Македонска риболовна федерација).

И годинава легитимациите ќе чинат 400 денари.

Сите оние кои веќе имале легитимација (било која година во периодот од 2008 до 2011), нема потреба да доставуваат слика. Сите оние кои прв пат во животот ќе извадат легитимација, потребно е да достават слика.

Е сега, сите оние кои сакаат да извадат легитимација, а планираат тоа да го сторат преку нашето здружение РИБАР 2011, доволно е да ми испратат порака на форумов со следните податоци:

ЧЛЕНОВИ КОИ ИМАЛЕ ЛЕГИТИМАЦИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2008 - 2011

- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- БРОЈ НА СТАРА ЛЕГИТИМАЦИЈА
- ЕМБГ (Матичен број)


ЧЛЕНОВИ КОИ ПРВ ПАТ ВАДАТ ЛЕГИТИМАЦИЈА ГОДИНАВА

- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- АДРЕСА
- ЕМБГ (Матичен број)
- БРОЈ НА ЛИЧНА КАРТА
- СЛИКА ВО ДИГИТАЛЕН ФОРМАТ (СЛИКАНА, СКЕНИРАНА)


Нашето здружение ќе ги извади легитимациите групно за сите, а откога ќе ви ги доставиме, ќе уплатите/ќе ни дадете по 400 денари.

Податоците може да ги пратите на приватна порака, или на contact@ribar.com.mk (сликите обавезно на е-маил)

Ве молиме, доколку навистина сакате да извадите легитимација преку нашето здружение, податоците да ги доставите во наредните неколку дена.

АвторCOLON  srdbregalnica [Пет Феб 03, 2012 3:29 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЛЕГИТИМАЦИЈА ЗА СПОРТСКИ РИБОЛОВ ОД МРФ

DOKOLKU do mesec maj-juni ne bidat raspisani koncesii za ezerata i akumulaciite srd bregalnica delcevo a i srd sharan od m.kamenica ne planiraat voopsto da plakaat po 400 den na mrf i kompanija od vlada.se dodeka se pravat na toso i gi ostavaat akumulaciite i ezerata na milost i nemilost na ribokradcite nema potreba da vadime bilo kakvi dozvoli.

АвторCOLON  dmozzart [Пет Феб 03, 2012 3:34 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЛЕГИТИМАЦИЈА ЗА СПОРТСКИ РИБОЛОВ ОД МРФ

Pa, i toa vi e pametno.

АвторCOLON  Филип [Пет Феб 03, 2012 3:43 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЛЕГИТИМАЦИЈА ЗА СПОРТСКИ РИБОЛОВ ОД МРФ

СРД Брегалница, не ви се мешам во одлуките, но се надевам знаете дека не смеете да издавате дозволи на лица без легитимации, и дека утре, не дај боже, некој може да ви ја одземе концесијата поради тоа.

АвторCOLON  ТафТабиТ [Пет Феб 03, 2012 4:22 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЛЕГИТИМАЦИЈА ЗА СПОРТСКИ РИБОЛОВ ОД МРФ

Јас ке ги оставам моите податоци и фотографија кај Спаива уште утре 04.02.2012

АвторCOLON  Филип [Вто Феб 28, 2012 8:12 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Легитимации од МРФ

Првата тура на легитимации е готова. Утре ќе почнеме со достава, за што дополнително ќе ве известиме. Во меѓувреме можете да уплатите по 400 денари за легитимациите според примерот подолу.

Пријавувањето за втората тура е се уште отворено, можете да оставите податоци преку приватна порака или на contact@ribar.com.mk

[ img ]

[ img ]

АвторCOLON  saso [Вто Феб 28, 2012 8:26 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Легитимации од МРФ

Epa ajde so sreka neka se.
Da znaete onoj koj ima legitimacija koja e izdadena preku ZRSRK RIBAR 2011 faka najmnogu riba. :lol:

АвторCOLON  kompir99 [Вто Феб 28, 2012 9:27 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Легитимации од МРФ

Pretsedatele a tvojata najodozgora aaaa... :D

АвторCOLON  limun75 [Вто Феб 28, 2012 9:36 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Легитимации од МРФ

После уплатата,за Скопје и околина од каде ке може да се подигнат...?

АвторCOLON  saso [Вто Феб 28, 2012 9:42 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Легитимации од МРФ

Taka se pogodilo, Kompir be.
Utre se kaj mene, koj saka moze da dojde na kafe, so uplatnica ili 400 denari vo dzeb.

Страна 123 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/