Ако секој риболовец оди по 2-3 пати во месецот на вода (а оди)...тогаш напрајте математика дали се исплати или не.
За 5-6 месеци дозволата е исплатена.
Да почнам да одам од март 2-3 пати месечно, до јули-август сум ја исплатил. До ноември...ГАГА.
Не сфаќам што е тука скапо??
Дневна е на повеќето места по 300ден.
Па секој кој тргнал по риба не е под 1000ден.
Јадење, гориво, пиење, скари, опрема....дајте бидете реални.
Единствен проблем е што грото ги немаат наеднаш да ги фркнат тие 6000ден.
Но, не заборавајте...риболовот е хоби кое чини.
Па месечно даваат луѓе за у теретана по 2000ден. Некои фрлаат на мобилни пари.
Некои купуваат поклони за жените...
Не некој ми купил опрема од 1000 евра и сеа ми кажуе гачки како била скапа годишната дозволата од 6000ден.
Тешко ни е да се одвикнеме дека се плаќа...боли тоа, ама неме више џабе.
Тој што е сиромав, сиромав е и не оди по риба. Си гледа дома фамилијата.
Сиромав рибар НЕ ПОСТОИ...
Сите овие дискусии за дозволиве се само лични интереси, као леле здруженијава за жалење се.
Нешто инат, нешто лицемерие, нешто од ситни профити...итн.
Ако некој доби со тоа што нема да има регионални, тоа се риболовците.
Здруженијата сега се само активни, кога треба да се земат парите и никаде ги нема после.
Се научиле да млатат пари од рибарите и згора ги користат во вакви случаи.
Ако немате пари за државна, терајте си со дневна.
Не се грижете толку за здруженијата...запрашајте се колку пати сте биле и сте фатиле риба лани??