Ne, ne sakav da kazam deka komisijata mati, tuku deka koncesionerite matat.
Mislev na podirektna kontrola na koncesionerite, fakturi, ispratnici, na lice mesto pri poribuvanjeto .....
Тоа е работа на инспекторите и на никој друг, но добро би било МРФ да врши паралелна контрола и притисок врз концесионерите, а во исто време и да помага финансиски, логистички ...
Ако ништо друго, доволно е МРФ да со свои претставници биде присутна на порибувањата со што би се дало поголемо значење на самиот чин. Што повеќе институции се појават на едно порибување, самото тоа ќе добие поголема тежина пред обичните луѓе (оние кои не се риболовци).
Според мене свеста кај луѓето е најголемиот проблем во денешницава. Мораме да работиме за подигање на свеста, а за тоа мора да имаме поддршка и од поголеми институции од самите концесионери.
Во 2010 година, порибувањето што го изврши Пастрмка - Струга беше медиумски покриено, со присуство на инспектор, кој истотака имаше своја изјава пред камерите и сл. Ова порибување силно одекна во Струга, Струшко, па и пошироко.
Доколку МРФ изгради стратегија за медиумска презентација на порибувањата од сите концесионери, и тоа на државните телевизии, замислете колку пати во текот на една година ќе се појави веста за извршено порибување на ТВ. Замислете колку интервјуа со колку пораки против рибокрадство може да се испратат од тие порибувања. Замислете колку влијателни личности, инспектори, градоначалници, директори, претставници на МРФ ... би продефилирале пред камерите доколку МРФ се заангажира да го спроведе ова. А Емил, како единка што и да изјави и со колку и да пориби нема да има доволно силна порака кон граѓаните за да се сменат нивните сваќања кон заштитата на рибниот фонд, пред се.
Избегавме од темата.
Модераторите нека ме извинат, а ако навистина ја претеравме нека преместат во соодветна тема.