Не ги оправдувам воопшто, но што ако Маврово продало 70 годишни, а предвиделе да продадат 100?
Или Козјак, со нивната “контрола“, чисто се сомневам дека продале онолку колку што очекувале, сигурно имало многу рибари (и јас знам такви) кои оделе на езеро и си ловеле со изговор “никој не доаѓа да ми продаде дозвола“.
А во Дојран, со системот “двајца сте во чамец, платете една дневна“, сигурно многу викендаши не извадиле годишни, туку си плаќале пола/пола.
Ова се само мои претпоставки, но јас така би играл кога би барал зголемување на цена.
Понатаму, знам за концесионери кои добиваат на сметка пари за годишни дозволи и легитимации, ама на дел од риболовците со разни изговори не им ги даваат
![Wink ;)](./images/smilies/icon_e_wink.gif)
Бидејќи тоа се локални риболовци, тие немаат проблем со рибочуварите, се знаат, и си ловат со уплатниците цела година. Концесионерите не плаќаат надомест од 10% за тие дозволи, а во годишниот план наведуваат помал број на издадени дозволи и имаат простор да бараат корекција на цената, или ако ништо друго, да ја оправдаат старата цена и да нема простор за намалување.
И сите овие случаи многу лесно може да се решат, ако инспекторите се малку поажурни и делуваат самостојно, а не исклучиво по наредба дали да се оди некаде или воопшто да не се оди некаде
![Wink ;)](./images/smilies/icon_e_wink.gif)