www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 20, 2024 11:35 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS1718192021ELLIPSIS119»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 08, 2011 11:34 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Moe licno mislenje i po napraveniot tricasoven razgovor so G-dinot Vasil Kostov e deka rabotite se dvizat vo pozitiven pravec.
Se razbira deka imalo propusti no smetam deka angazmanot i planovite sto gi prezentirase Vasil ke vrodat so plod.
Mislam deka e toa covekot na pravo mesto.
Arno ama moznostite se tie. Se raboti poveke od entuzijazam i bez golemi finansiski sredstva a sostojbite vo drzavata bea tie sto za koncesii se nemase vreme. I ovie dodeleni koncesii nemase da bidat gotovi dokolku ne bese licniot angazman na odredeni luge.
Rabotite odat sporo no se dvizat vo dobar pravec i potrebno e vreme ....
i povtorno finansii za da moze i da se poribuva i da se kontroliraat tereni i da se pravat natprevari no i da se prakaat natprevaruvaci na internacionalni natprevari.
Ne e lesno no ke bide.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 08, 2011 12:22 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Морав да се произнесам по ова прашање:
Tasma НапишиCOLON
-Со Риболовните основи кои вие ги изработивте за реките, ги поделивте на над 20 ревири . За секој ревир треба посебна дозвола . Ова го направивте за да можете на сите (а со сите склучивте договор за деловна техничка соработка) да ги продавате македонска пастрмка и крап од мрестилиште во Дојран.
Јас би ги поделил на 50 ревири! Тоа е веќе видена работа во светот, се земаат концесии за 2 км река е СЕ ЗАШТИТУВА! А кај нас Вардар ќе ги земе пола Вардар и пола Пчиња, и со еден-два рибочувари во сабота ќе прошетаат малку по Вардар, во недела до Пчиња и ќе се прочаламат на езерцата во Бадар и толку! Заштита? НУЛА! Е затоа е одлично што Васил ги поделил со основата реките на над 20 ревири. Што се помали ревирите, полесни се за заштита, порибување и сл. Јас не би барал задни намери (продажба на подмладок), сепак тоа е за доброто на реките и на сите риболовци, што повеќе ревири и порибувања во истите, повеќе риба за уживање и риболов!

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 08, 2011 2:23 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Филип НапишиCOLON
Јас би ги поделил на 50 ревири! Тоа е веќе видена работа во светот, се земаат концесии за 2 км река е СЕ ЗАШТИТУВА! А кај нас Вардар ќе ги земе пола Вардар и пола Пчиња, и со еден-два рибочувари во сабота ќе прошетаат малку по Вардар, во недела до Пчиња и ќе се прочаламат на езерцата во Бадар и толку! Заштита? НУЛА! Е затоа е одлично што Васил ги поделил со основата реките на над 20 ревири. Што се помали ревирите, полесни се за заштита, порибување и сл. Јас не би барал задни намери (продажба на подмладок), сепак тоа е за доброто на реките и на сите риболовци, што повеќе ревири и порибувања во истите, повеќе риба за уживање и риболов!
И јас го делам истото мислење како и Филип,и јас ќе го спомнам Вардар,бидејќи барем досега нивната работа околу заштитата на рибниот фонд би ја оценил со чиста О(нула).Тие се обични парадери кои повеќе сакаат да ги чуваат реките од канцаларија отколку на терен.Па тие неможат едно езеро Матка да го зачуваат,а од него неверувам дека има некое полесно за чување.На него нема населено место,пристап има само од еден пат,чамци тргнуваат и се закотвуваат само од едно место,целото е во кањон,а е опустошено од мрежи.СРАМОТА :twisted:

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 08, 2011 5:58 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:44 pm
МислењаCOLON4404
Toa sto se podelija rekite na 20 reviri e mec so dve ostrici,sega kako gledam drustvata gi zemaa samo najatraktivnite reviri,odnosno onie najposeteni od strana na ribolovcite,a sto sega ke pravime so onie ostanatite,nikoj nema da gi stiti,nema nikakva kontrola vrz niv,a vo 90% od revirite sto se bez koncesii se bas onie reki koi se na nekoj nacin prirodni mrestilista na ribata,znaci na golem del od vodite ke vladeat isti pravila kako ovaa godina,a na ezerata kako Mantovo,dvete Lipkovski ezera i dr pak nikoj nema da gi zeme zaradi visokata cena...

_________________
https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 08, 2011 6:26 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
kolegi da bideme malku konstruktivni so postovite prema mrf ,,normalno ne bev i jas..rabotite trgaat na dobro, i ke imame veruvam deka dobra podrska od nivna strana...ke se uverite sami, ovaa godina ,se sto se propustilo vo izminatite nema da go ostavime tuku taka odime napred a i mnogu sme.. ;) ;) ;) ;)

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 08, 2011 7:50 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
Tasma НапишиCOLON
Прашање за почитуваниот претседател на МРФ, рекреативен и спортски риболовец , доктор по рибарство и на крајот на краиштата и како директор на Институтот.
Читам дека сте успешен во работата од областа на рибарството?
Зошто:
-Зошто дозволивте над 15000 риболовци да немаме право да се рекреираме цела 2010 (кои се вашите преземени активности)
-Половина концесии за реките уште не се доделени, не е распишан конкурс за концесии за рекреативен риболов на акумулациите и природните езера. ( што презедовте)
-Со Риболовните основи кои вие ги изработивте за реките, ги поделивте на над 20 ревири . За секој ревир треба посебна дозвола . Ова го направивте за да можете на сите (а со сите склучивте договор за деловна техничка соработка) да ги продавате македонска пастрмка и крап од мрестилиште во Дојран.
- Како добар претседател на рибарите зошто не го оставивте џипот Тојота на федерација , односно на нас рибарите и членовите на овој форум. Кој е земен со заеднички проект.
- Цела 2010 година не организиравте ниту еден натпревар во било која дисциплина ни на домашна сцена, ни на европска а камоли на светска , туку на брзина со непочитување на правилата за натпревар на федерацијата организиравте натпревар за кадети и јуниори за да ја изиграте Агенција за млади и спорт и да земете некоја стипендија и некој денар за плата на нововработената која појма нема кои и се задачи на тоа работно место.
Доста те фалев засега, ако не ме избришат ке ти поставам и други прашања.
Ташма
размислував дали воопшто да ви одговорам и да навлезам во една дискусија во која очито влегувате видно револтиран и со негативен став. Секако, не може да очекувам дека сите кои ќе ми се обратат да бидат со позитивен став и со разбирање за состојбите во кои се наоѓаме.

Од причина што при влегувањето на формумот ветив дека ќе одговорам на сите поставени прашања и од причина што немам што да кријам, со должен респект ќе одговорам на поставените прашања.

Сега по ред.

Прво.
Не знам од каде ви е констатацијата дека 15000 риболовци немале можност да се рекреираат во 2010 година. Сите сме сведоци дека и во текот на 2010 и во 2011 година, во услови кога официјално и не смееше да се риболови, на сите риболовни ревири можеше да се рекреаира. Некој тоа го овозможи. Сметам дека вашата констатација не е вистинита.

Второ.
Половина концесии на риболовните ревири (и повеќе од половина) се доделени. Доколку риболовните здруженија беа поажурни и посериозни при аплицирањето, ќе беа доделени концесиите на сите риболовни ревири. Половината од нив беа одбиени заради непотполна или несоодветна документација. Кој е крив за тоа, МРФ? Имајте во предвид дека концесии не доделува ниту МРФ ниту јас како претседател, туку за тоа има надлежни институции кои имаат ингеренции и овластвања за тоа. Јас имам информација дека многу скоро ќе бидат распишани огласи за доделување концесии на останатите риболовни води.

Трето.
Околу поделбата на риболовните ревири веќе имаше коментар. Благодарам за него. Поделбата е ок и од повеќе аспекти е оправдана.

Четврто.
Не знам од каде ви е правото, или кој ви дал да полагате правото на џипот. Почитуван господине џипот не е „заеднички“ како што наведувате. За ваша информација и за информација на сите заинтересирани кои нешто начуле ама не дочуле неколку факти во продолжение. Проектот за македонската пастрмка, во целост, од идеа, преку подготовка на предлог проект, апликација, обезбедување на средства, логистика, па се до реализација на терен и пишување на извештаи и одбрана и презентација на добиените резултати е на д-р Васил Костов. Носител на проектот во првата година беше МРФ, а во втората година (кога е обезбеден џипот) носител беше ЗСР Вардар од Скопје. Во проектот зедоа учество неколку риболовни здруженија, а го спроведуваа активисти на МРФ и на здруженијата, вистински ентузијасти и љубтели на природата, кои во сурови услови и на минус 15 степени целзиусови, заедно со мене, беа на терен, во вода, спроведувајќи ги планираните активности по проектот. Координатор на проектот беше Миодраг Пешиќ, а како кофинансиери се појавија Глобален Еколошки Фонд, Градот Скопје (благодарност за градоначалникот г-дин Коце Трајановски и раководителот на одделението за туризам г-дин Димче Смилев) и УКИМ Институт за сточарство - одделението за рибарство. Целта на проектот беше да се заштити македонската пастрмка од исчезнување и да се зголеми нејзината популација во водите каде ја има, како и да се врати во водите од каде беше исчезната. Бенефит од проектот имаат сите риболовни здруженија и рекреативни риболовци од риболовните ревири каде е порибена пастрмката. Успешноста на проектот е потврдена на терен и е непобитен факт. Џипот набавен во рамките на проектот официјално има намена да се користи за порибувања кои ќе ги прават МРФ, ЗСР Вардар и Институтот за сточарство. Меѓутоа џипот се користи и за изведување на акции за заштита, превоз на лица и траспорт на опрема, за научни цели, а го користат активистите на МРФ, ЗСР Вардар и вработените во Институтот за сточарство. До сега никому не му била ускратена можноста да го ползува џипот за цели кои се во функција на рибарството и науката. И во иднина џипот ќе го користат сите активисти и институции учесници во проектот.
Почитуван господине, доколку и вие имате идеа или само желба за ваква или слична активност аплицирајте сопствен проект. Јас ветувам дека ќе ви биде дадена несебична помош и ќе ви бидат пренесени сите искуства добиени при изведувањето на проектот за македонската пастрмка.

За натпреварите.
Повелете пријавете екипа и натпреварувајте се. Учествувајте во организираните натпревари кои се во надлежност на МРФ. Нека тоа биде вашиот придонес кон спортот.

На крај се извинувам ако бев груб или на било кој начин ве навредив, искрено внимавав и на никој начин немав таква намера. Целта ми е само дополнително да ве информирам и да ги информирам сите заинтересирани риболовци за она што вие го начнавте. Признале вие или не, тоа е вистината.

Срдечен поздрав и секако, очекувам и други конструктивни прашања.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 08, 2011 8:01 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
За Сашо, Филип, другиот Филип и Ицо балгодарност за поддржувачките коментари. Секако, многу сме и треба да сме уште повеќе. Сите имаме ист интерес и иста желба.
Поздрав.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 08, 2011 8:08 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Vasil Kostov НапишиCOLON
За Сашо, Филип, другиот Филип и Ицо балгодарност за поддржувачките коментари. Секако, многу сме и треба да сме уште повеќе. Сите имаме ист интерес и иста желба.
Поздрав.
Секако дека ќе има подршка,кога отворено и јасно се разглобуваат некои работи,кои до сега беа само рекла-казала.Јас сум голем оптимист дека најавената координација меѓу МРФ и спортските риболовци ќе е од непроценлива важност за понатамошните состојби со водите и рибите во МК.
И НАЈВАЖНО.Мотивацијата кај сите веќе ни е на повисоко ниво.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 08, 2011 8:27 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
Poliz НапишиCOLON
Vasil Kostov НапишиCOLON
За Сашо, Филип, другиот Филип и Ицо балгодарност за поддржувачките коментари. Секако, многу сме и треба да сме уште повеќе. Сите имаме ист интерес и иста желба.
Поздрав.
Секако дека ќе има подршка,кога отворено и јасно се разглобуваат некои работи,кои до сега беа само рекла-казала.Јас сум голем оптимист дека најавената координација меѓу МРФ и спортските риболовци ќе е од непроценлива важност за понатамошните состојби со водите и рибите во МК.
И НАЈВАЖНО.Мотивацијата кај сите веќе ни е на повисоко ниво.
ubavo kazano ;) ;) ;) ;)

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 08, 2011 8:32 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
1. Не знам кој ти даде право да ставаш наводници на моето членско Име?

2. Во демократски земји кој дават пари за некоја намена сакат противуслуга, т.е. плаќам на МРФ а не напрајла ништо за да си ги оправдат парите, барем за Охридско Езеро. И тоа не е Лична Рабта туку обврска на МРФ да направит нешто за шо ги земат парите. Јагулите се „проблем“ на ЕВН кои го спречија природниот процес на размножување на истите и како Компензација сега пуштаат помладок во О. Езеро!

3. Веројатно не имаш све прочитано, никој не спомна Ресторан, него на Софра кај еден наш Охридски Мајстор се случи „забавата“ ...

4. Би било убаво кога ќе идаш за Охрид да не посетиш нас, Клубот Свети Апостол Петар, па да се видиме и муабет да напрајме, тоа би било од взаемна корист ;)
[/quote]

Здраво Лепи (еве сега без наводници)

Што треба да направи МРФ за Охридско Езеро? Може ли некој конкретен предлог, некоја конкретна активност или барање? Или, што очекувате да направи МРФ за Охридско Езеро?

Ајде кажете ги луѓето кои биле на „забавата“. Кај кој „Охридски Мајстор“? Мене веќе ме интересира кои се тие луѓе од МРФ кои биле разочарани што не јаделе охридска пастрмка.

А посета на клубот секако ке направам, ако некој ме покани. Иако до сега мислев дека со клубот имам коректна соработка и редовно сме во контакт.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS1718192021ELLIPSIS119»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 7 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum