И да изгласате мораториум за што не сум сигурен, не гледам фер форма преку која тие пари би се инвестирале. Еве да речеме дека има мораториум и 70.000 евра остануваат за такво нешто. Се отвараат прашањата и тепачките
Каде да се инвестираат и на која вода, кај кој концесионер, МРФ неможе да биде концесионер, значи треба кај некој концесионер да му се наросат очите и да му се поклонат 70.000 евра инвестиција, тука автоматски ќе започне тепачка каде тоа да би било, на кое езеро, на која река и по кој критериум би се донела одлуката. На крајот на краиштата и да се најде некаква солуција прашање е колкав ќе биде ефектот од аспект на рибен фонд, колку и дали ќе се чува и дали тоа нема да бидат пари фрлени во празно, односно рибите да ги изедат мештаните и рибарите кои риболоват таму. Според сегашнава ситуација на терен јас не гледам некоја вода која е така чувана.
МОже да се постават критериуми,пристапност,стаза,големина,моментален рибен фонд итн се што е потребно за таков тип на вода,каков што се бара. Ќе се распише јавен оглас каде учестуват концесионери. Ќе мора да достават и гарнции дека ќе испочитува договореното. Ќе има контроли и ако нешто не е као што треба да се активираат тие гаранции,враќње на парите и плус казна одземање на коцесија. Сепак не се шала 60-70.000 еу. Има начин,само треба добро да се смисли.
Убаво е да се размислува за критериуми, поздравувам, сепак дел од критериумите се чудни, “стаза“ па нели тука правиме моабет за пари за правење стаза ???
Големина....најголемите езера се фаворити они имаат најголеми потенцијални стази за правење, но оди па пориби таму за да се осети.....пр.по вакви критериуми Дојран треба да избие меѓу првите, пристап, големина на стаза, рибен фонд, НО тоа ли е тоа, тоа ли ќе биде македонската стаза за вежбање за натпревари
моментален рибен фонд
тука ќе настане општа туча помеѓу концесионерите, кој тоа ќе одреди и по кој критериум каде има повеќе риби ???
Гаранции дека ќе се почитува договореното, какви гаранции ??? концесионерите пред државата имаат превземено обврски и гаранции дека ќе чуваат и порибуваат па најголем дел забушаваат
Одземање на концесија прави државата за конкретни прекршувања од договорите за концесија, а тука збориме за нешто сосема друго пари на МРФ дадени за конкретна намена за која МРФ треба да најде алатка за контрола и казнување, одземање на концесија одпаѓа од игра затоа што МРФ нема никаква надлежност за тоа...
Сепак добро е да се размислува за критеируми...