Цуцуловски, еве веќе цела година се концесионер на Вардар, Пчиња и Бадар.
Татко ми е барем 2-3 пати неделно на Пчиња, цело лето. Ниту еднаш немал потреба да ја покаже годишната дозвола, бидејќи чувар не припарил нагоре. Се моткаат околу Катланово и Бадар кај што одат пензионерите и толку. Од друга страна, мрежари колку сакаш, преградена река, сертмиња, без никаков проблем. Ако прошеташ, ќе налеташ на луѓе со вреќи полни со риби, фатени со раце, сермиња и мрежи. Цело лето.
На Вардар, ВО СКОПЈЕ, кај Влае, се фрлаат мрежи, се лови со мрежички... Еј, во Скопје, а неколку км од седиштето на Вардар. Секое попладне, кај висечкиот мост во Ѓорче..
За Кадина која е под Вардар, не сакаш да знаеш што се случува. Преградување, труење на риба, мрежи...
На езерцата Бадар постојано се активни рибокрадците. Се лови крап со шишиња, се ставаат мрежи на испустите/премините помеѓу езерата
На Пчиња кај Бадар, Кире ќе ти каже колку се фрлаат мрежи
И сега што правиме со Матка, Треска, Преспа? Вардар 11?
На Матка нема теорија да спроведат ред. На Треска уште малку ќе почне мрестот, рибата почна да се качува нагоре, да фаќа позиции, деновиве се ловат поголеми парчиња пастрмка, а никој тоа не го контролира. Дури сакаат да воведат целосна забрана за Треска и некако да пробаат да избегнат вработување на 2 нови рибочувари за тој ревир, барем до пролет. Значи, наместо реална заштита на пастрмката (еј, пастрмката) во мрест, тие сакаат заштита на хартија. А утре ќе ти речат дека мора да платиш 200-300 денари дневна дозвола однапред, а кога ќе отидеш таму, ќе видиш 30 локалци како недозволено ловат пастрмка на бел црв.
Кога тоа ќе се средат работите со Вардар? Да не имаат проект “Вардат 2014“? Се додека седат зачаурени таму, и се грижат само за тоа колку годишни собрале и дали пензинерите на кеј имаат уплатница за дневна или годишна, ништо нема да се смени.
И уште нешто... Што мислиш, зошто се кријат зад законот и не прават пунктови за риболовни дозволи на други локации, освен нивното седиште, односно нивната трансакциска. Затоа што, кога ти ќе уплатиш 200 за дневна на Пчиња, а чуварот нормално нема да помине и да ти издаде дозвола врз основа на уплатницата, нема да платат 10% од тие 200 денари на државата како надомест за концесија.
Промени? Можеби, со целосна смена на генерација, раководство, инволвирани. До тогаш, све по старо. _________________ Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...
|