Денеска имав тоа задоволство со колеги кои се во крапскиот риболов да разговарам на многу интересна тема. За што всушност се работи; ми звони телефонот дигам а колегата ме прашува: Василе навистина ли на Суки не се натпреваруваат вистинските крапски риболовци од МК а некои непознати, да не кажам почетници.
Замолчав извесно време не верувајќи во тоа што го слушам па го прашувам абе од каде па сега ова?
- Па кружат гласини дека вистинските натпреварувачи ја бојкотирале лигата и као ова се е така собрани за да се одржи Државното првенство
Повторно молчам, си мислам што и како да му објаснам на колегава па му викам
- Добро , ајде кажи како се организира тука Државното првенство, како Јас и Ти учествувавме?
- Е како, клубот врши пријавување, се плаќа таксата и екипата учествува
- Му одговарам , па така е и во МК, ама очигледно многу немаа доблест да се пријават па сега шират дезинформации за некаква приватна лига
Ете , си имат лугето форум, си има во Натпревари напишано се па ако сакате читајте, што нема да разберете ќе ви преведам
Нема да пишувам повеќе, се нервирам, абе нека "професионалците" да се спуштат на земја и ако несакат да помогнат нека да не одмогнуваат.
А да, барем кога ширите дезинформации кај соседите, кажете им и колку е котизацијата во МК за Државното, само предупредете ги прво да си приготват чаша со вода
Искрено сакав Државното да е во МК, поедниците сами си пресудија, душебрижниците да ми го испратат на ПП бројот на сметката да им испратам дел од мојата провизија за ангажманот мој на езерото Суки
Со ДДВ се разбира
|