Неизводливо, делумно незаконски и ред други работи. Гајле му е на концесионерот што ти си порибил, него не му се исплати да го затвори езерото месец дена, ќе изгубни многу дневни, многу рибари со годишна итн. Кој ќе му надомести, МРФ? Каде е тука логиката, со парите од светско? Па за светско се земаат наменски пари од МЗШВ и АМС, 15.000 евра годишно. Ако не одиш на светско, не ги добиваш. Од каде тогаш пари за вложување, од парите од легитимации? Е не може тоа другар, едноставно не оди тоа така.
Изводливо е.
Закони се менуваат.
За концесионерот. Ќе му биде гајле кога ќе му порибиш,па кога ќе му доваѓаат рибари од цела Македонија,кога дневните карти за месец дена или за недела ќе ги наплати за три-четири дена.Кога ќе му се плати(субвенционира) пола или целата количина од рибата што треба да ја пориби законски по договор.Ќе му биде гајле кога ќе му ставиш клаузула во договорот ако е правно лице,и ако не се придржува кон договорот да одговара материјално со имотот на неговата фирма,тој како приватно лице итн.. Или ако е здружение тогаш исто да одговара претседателот на истото и плус уште два-тројца од здружението. Ќе му биде гајле кога ќе му иде контрола па ќе напише преставка,па ќе мора да ги враќа сите пари кои се вложени или да плаќа пенали итн итн .. Правник си знаеш како идат тие работи
Друго е кога е по договор,заверен кај нотар,па ако треба и банкарска гаранција на одредена сума. Е тогаш ќе видиш како ќе им биде гајле.
Исто и за парите со барање,со сериозност.Кога ќе се приложат проблемите кои ги имаме и според нас решението за проблемите.Единствено решение кое мора да биде прифатено,бидејќи единствено натпреварувачите,капитените,селекторот знае што треба,а не некој што не видел крап во живо.
Има решенија колку сакаш... Па како и да е нашата репрезентација ај еве во пинг-понг не тренира и турнирите не се одржуват на кујнска маса.Или пливачите не пливат на базенот во Пробиштип туку се спремаат на олимписки базен.