www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

КУП НА Р.М. "8-ми Септември 2014" Дисциплина: „КРАП“
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=97&t=5058
Страна 118

АвторCOLON  Предраг [Чет Aвг 21, 2014 12:38 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  КУП НА Р.М. "8-ми Септември 2014" Дисциплина: „КРАП“

Да ве потсетам дека овогодишниот КУП НА Р.М. "8-ми Септември 2014" Дисциплина: „КРАП“ треба да се одржи од 12-14.09.2014 на езеро Глобочица (алтернативна вода Крушевско езеро).
Котизација за натпреварот изнесува 2000 денари.
п.с. планирано е доколку има пријавено помал број на екипи купот ќе биде на Крушевско езеро.

АвторCOLON  JaneMK [Чет Aвг 21, 2014 6:05 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КУП НА Р.М. "8-ми Септември 2014" Дисциплина: „КРАП“

Aj se gledame tamu :D

АвторCOLON  Dimitar [Чет Aвг 21, 2014 8:42 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КУП НА Р.М. "8-ми Септември 2014" Дисциплина: „КРАП“

До кога е пријавување?

АвторCOLON  JaneMK [Чет Aвг 21, 2014 8:51 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КУП НА Р.М. "8-ми Септември 2014" Дисциплина: „КРАП“

Moze i Keltan da dojde po pravilnik da se takmici i da pokaze kolku e jak vo zivo :D :D :D

Zajceto si go cekam jas :lollol: :lollol: :lollol: :lollol:

АвторCOLON  Предраг [Чет Aвг 21, 2014 9:11 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КУП НА Р.М. "8-ми Септември 2014" Дисциплина: „КРАП“

Dimitar НапишиCOLON
До кога е пријавување?
Пријавување т.с. извршена уплата до 31.08.2014 година.

АвторCOLON  Tasim [Чет Aвг 21, 2014 1:27 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КУП НА Р.М. "8-ми Септември 2014" Дисциплина: „КРАП“

na globocica negledam deka ce ima uslovi dase odrzi ovoj kup stazata e mnogu rasipana ujedno ima dosta mreza vo voda taka sto uslovite ne ce davaat po moe gledano ipak krusevo e za mene idealno ezerce da se odrzi kupot ako se odrzi kupot vo krusevo se prijavuvam posto i prviot pekar od tamu go ponesov :saso:

АвторCOLON  charlie [Пет Aвг 22, 2014 12:41 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КУП НА Р.М. "8-ми Септември 2014" Дисциплина: „КРАП“

Predrag druze
Napisi kade se uplakja, koja e ziro s-ka...
A za kandidati...ke ima

АвторCOLON  Предраг [Пет Aвг 22, 2014 2:17 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КУП НА Р.М. "8-ми Септември 2014" Дисциплина: „КРАП“

MACEDONIAN FISHING
FEDERATION
Add: Bulevar “Koco Racin” 75 Skopje
Republika Makedonija
Tel./fax: +389 2 31 64 539
E.mail: macfederation@yahoo.com
contact@mrf1952.mk
Website: http://www.mrf1952.mk


МАКЕДОНСКА РИБОЛОВНА
ФЕДЕРАЦИЈА
Адреса: Бул. “ Кочо Рацин“ 75 Скопје, Република Македонија
Тел/факс: +389 2 31 64 539
E.mail: macfederation@yahoo.com
contact@mrf1952.mk
Website: http://www.mrf1952.mk





за Куп “8-ми Септември 2014“


Согласно усвоениот Календар и Пропозициите за спортско-риболовни натпревари во 2014 година, Купот на Република Македонија во дисциплината „крап“, во конкуренција сениори, ќе се одржи од 12-14.09.2014 година во Крушево, на акумулацијата Гумиње.

Организатор: Македонска Риболовна Федерација.
Домаќин: СРД Мрена-Крушево.

Право на учество имаат сите риболовни здруженија и клубови (РЗК) кои се членки на МРФ, со неограничен број на екипи (дуа), доколку благовремено се пријават и ја платат пропишаната котизација за овој натпревар. Купот нема да се одржи доколку се пријатат помалку од 6 (шест) екипи.

Екипите ќе бидат составени од двајца (2) натпреварувачи, 1 (еден) резервен натпреварувач и 1 (еден) капитен на екипата.

Натпреварот ќе трае 50 часови.

Купот ќе се одржат согласно Правилата за натпревари, Правилникот за организирање на натпревари во спортски риболов во Р.М. и Пропозициите за Куп натпрeварите во спортски риболов.

За учество на котизацијата изнесува 2.000 денари по екипа (дуо). Уплатата на котизацијата се врши на посебна жиро сметка која е наменета искучиво за натпревари. Доколу поради недоволен број на пријавени екипи Купот не се одржи, уплатените средства ќе бидат вратени на здруженијата кои ги уплатиле.

Пријавувањето за учество на Купот се врши писмено, најдоцна до петок 05.09.2014 година. Пријавата може да се изврши преку пошта на адреса: Македонска риболовна федерација, Бул. Кочо Рацин бр. 75, 1000 Скопје, преку факс на телефон бр. 02-3164-509 и преку електронска пошта на адредса: contact@mrf1952.mk. Пријавата преку пошта задолжително да пристигне до горе наведениот датум.

Уплатата на котизацијата, регистрирањето на натпреварувачите и капитените и уплатата за спортската легитимација може да се изврши најдоцна до понеделник 05.09.2014 година.

Жиро сметка за уплата на котизацијата и спортска легитимација:
МРФ - Скопје - спорт,
300-0000032550-65, Комерцијална банка




НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА:
За првопласираните три екипи се доделува пехар со диплома, а за членовите на екипите и нивните водачи соодветни медали и дипломи.

Судиски колегиум:
1. Главен судија –
2. Секретар –
3. Судија –


ПРОГРАМ – САТНИЦА

12.09.2014 год. (Петок)

до 07,30 часот - Пристигнување на екипите и пријавување
од 07,30 до 08,00 часот - Извлекување за редослед и стартни места
од 08,00 до 08.30 часот - Подготовка за пристап на патека
08.30 часот - Пристап на патека ---------------------------------------------------- I сигнал
10.30 часот - Почеток на натпреварот -------------------------------------------- II сигнал

14.09.2014 год. (Недела)

12.15 часот: 15 минути пред завршеток на натпреварот III сигнал
12.30 часот: крај на натпреварот IV сигнал
12.45 часот: крај на натпреварот за дуа кои за време на четвртоит сигнал замараат и
вадат риба V сигнал

14.00 часот: Објавување на резултати и прогласување на победниците


За сите информации обратете се на тел. 02-3164-539 секој работен ден од 07.00 до 14.00





Натпреварувачка комисија
П р е т с е д а т е л
Кирил Нацевски с.р.

АвторCOLON  filip030682 [Пет Aвг 22, 2014 5:42 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КУП НА Р.М. "8-ми Септември 2014" Дисциплина: „КРАП“

Znaci Glabocica otpadja kako staza.

АвторCOLON  JaneMK [Пет Aвг 22, 2014 8:06 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: КУП НА Р.М. "8-ми Септември 2014" Дисциплина: „КРАП“

Zosto????
Ti se prijavi li pa ne odgovara?????????

Страна 118 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/