Оваа година домаќини на 5-тиот Дунавско Јадрански Куп во лов на Крап и Амур е соседната држава Србија или поточно овој Куп ќе се одржи на езерото Чепељ во Зрењанин п(познато како езеро Пескара) од 0.08-01.09.2013
http://www.mrf1952.mk/dokumenti/2013/5- ... 202013.pdf
Интересно е тоа што на овој Куп ќе се лови по Фипсовите правила каде што е дозволен ЗигРиг, дозволена е прашкаста храна, топки до 7 см., се лови 52 саата и има право на една измена во екипа. Домаќините се познати по одлично постигнати резултати каде што се вадат по 400-тотини килограми крап и амур по натпревар, а кога се лови и на ЗикРиг првопласиранат екипа достигнува улов и од фантастични 700-тотини килограми
На ова езеро е забранет рекреативен риболов а еднаш месечно се организираат спортски натпревари-дружења. На едно такво дружење ова езеро го има посетено и Јане и Милчо па можеби ќе напишат и нешто повеќе.
Длабочина на езерото варира од 3 метри до 9 метри во моментов а иначе од 6 до 11 метри. Има спрудови и дупки, се храни и лови далеку на некој си 120 метри а во езерото има разновидна риба. Освен Крап и Амур има америчко сомче, штуки, дверики, караш и друга бела риба. Просечна големина на крап е 4 кг. а најголеми се 18-20кг. Има вкупно 18 позиции по 9 од двете страни на езерото кое има правоаголнеста форма. Секторите се со должина од 120-140 метри и ширина помеѓу боксовите 40 метри. Поради голема концентрација на риба МОРА да се има по 15 сакови за чување на риба по секоја екипа.
Оваа година поканети се екипи од
- Словенија,
- Хрватска,
- Босна,
- Црна Гора,
- Македонија,
- Бугарија
и екипи од домаќините.
Оваа година за прв пат на овој Куп ќе земат учество и наши две екипи
- Бест Карп Тим -
РИБАР 2011 и
- Златен Крап -
БАДАР