www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 16, 2024 2:32 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS13»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON ЛИГА 2012
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 19, 2012 11:49 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
К А Л Е Н Д А Р
за НАТПРЕВАРИ ВО СПОРТСКИ РИБОЛОВ
во организација на МРФ во 2012 година


I. ЛИГА НАТПРЕВАРИ ВО СПОРТСКИ РИБОЛОВ:

А. Дисциплина: „ПЛИВКА“ :

I Спортска риболовна лига:
коло датум Место на одржување Алтернативна патека Техника на ловење
1. 13.05.2012 Борино, Крушево Прилепско е. Прилеп По слободен избор
2. 01.07.2012 Преспанско е. с. Стење Дебарско е. Дебар По слободен избор
3. 22.07.2012 р. Вардар Градско Преспанско е. с. Стење По слободен избор

I Супер риболовна лига:
коло датум Место на одржување Алтернативна патека Техника на ловење
1. 27.05.2012 Прилепско е. Прилеп Дебарско е. Дебар Штек и меч
2. 24.06.2012 Борино, Крушево Прилепско е. Прилеп Штек и меч
3. 08.07.2012 Езера гратски парк Скопје Глобочица, Струга Штек и меч
Котизација за учество на Супер риболовна лига ќе изнесува 5.000 денари.

Б. Дисциплина: „КРАП“:

I Крапска лига :
коло датум Место на одржување Алтернативна патека
1. 18.05. - 20.05.2012 Дојранско Езеро, Дојран
2. 15.06. - 17.06.2012 Паљурци, Богданци Глaбочица, Струга
3. 07.09. - 09.09.2012 Слатинско Езеро, Охрид Глaбочица, Струга


II. ДРЖАВНИ ПРВЕНСТВА НА Р. МАКЕДОНИЈА

А. Дисциплина: „ПЛИВКА“
Конкуренција: СЕНИОРКИ, ЈУНИОРИ-КИ И КАДЕТИ-КИ, екипно и поединечно.
Време: 22. - 24.06.2012 год.
Место: Охрид


III. КУПОВИ НА Р. МАКЕДОНИЈА:

А. КУП НА РМ, "ИЛИНДЕН 2012"
Дисциплина: „ПЛИВКА“
Конкуренција: СЕНИОРИ И СЕНИОРКИ, екипно.
Време: 05.08.2012 год.
Место: Маврово





Б. КУП НА Р.М. "РИБАРЧЕ 2012"
Дисциплина: „ПЛИВКА“
Конкуренција: ЈУНИОРИ И КАДЕТИ, екипно.
Време: 26.08.2012
Место: Тиквешко Езеро

В. КУП НА Р.М. "КРАП 2012"
Дисциплина: „КРАП“
Конкуренција: СЕНИОРИ.
Време: 10.08. - 12.08.2012
Место: Гумење, Крушево



IV. СРЕДБИ НА СПОРТСКИ РИБОЛОВЦИ:

А. СРЕДБА НА ВЕТЕРАНИ
Дисциплина: „ПЛИВКА“
Конкуренција: ветерани (над 60 години старост), екипно и поединечно.
Време: 15.09. - 16.09.2012 год.
Место: Тиквешко Езеро

Б. СРЕДБА НА СПОРТСКО-РИБОЛОВНИ СУДИИ
Дисциплина: „ПЛИВКА“
Конкуренција: спортски риболовни судии, поединечно.
Време: 21.09. – 23.09.2012 год.
Место: Дојранско Езеро


V. ЈАДРАНСКО-ПОДУНАВСКИ КУП 2012
Дисциплина: „ПЛИВКА“
Конкуренција: СЕНИОРИ.
Време: 07.06. – 10.06.2012 год.
Место: Охридско Езеро, Кеј во Охрид.

Котизацијата за секоја врста натпревари ќе се одредува посебно а ќе биде објавена накнадно, најдоцна со Програмата за конкретниот натпревар.

Врз основа на член 3 од Правилникотза организирање натпревари во спортски риболов, Натпреваруважката комисија на МРФ има право да го промени времето и местот на одржување на натпреварот.

Годишна членарина за спортска легитимација, за 2012 година изнесува:

1. Кадети............................................. 50.оо денари
2. Јуниори........................................ ...150.оо денари
3. Сениори...........................................300.оо денари
4. Ветерани.........................................100.оо денари
5. Сениорки, кадетки, јуниорки...............бесплатна
6. Хендикепирани.................................... бесплатна
7. Инвалиди............................................. бесплатна



Натпреварувачка комисија ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МРФ
Претседател: Димче Мајковски Проф. Д-р Васил Костов с.р.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛИГА 2012
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 19, 2012 11:54 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
ПРОГРАМА
за Прво коло на ПРВА КРАПСКА ЛИГА - 2012

Согласно Правилникот за организирање на натпревари во спортски риболов во Република Македонија, усвоените Пропозиции и Календар за спортско-риболовни натпревари во 2012 година, I коло од натпреварите во Првата Крапска Лига во спортски риболов, во дисциплината „крап" ќе се одржи од 18.05. до 20.05.2012 година, на Дојранското Езеро.

Организатор: Македонска Риболовна Федерација (МРФ)
Домаќин на натпреварот: СРК Машкудан - Стар Дојран.

Екипите (дуата) за учество на Првата Крапска Лига се сотавени од 2 (два) до 4 (четири) учесници, од кои двајца се натпреварувачи (дуо), еден резервен натпреварувач и еден капитен на екипата. Сите учесници мора да бидат регистрирани спортски риболовци за 2012 год. и да поседуваат спортска легитимација, како документ за идентификација.

Право на учество во Првата Крапска Лига имаат сите риболовни здруженија и клубови (РЗК) кои се членки на МРФ, со неограничен број екипи (дуа), доколку благовремено се пријават и ја платат пропишаната котизација за овие лига натпревари.
Натпреварите во Првата Крапска Лига нема да се одржат доколку се пријават помалку од 6 (шест) екипи (дуа).

Натпреварот ќе трае непрекинато 50 часа и ќе се одржи според Правилата за натпревари на МРФ.
Патеката ќе биде поставена на плажата во Стар Дојран.
Дозволен е тренинг на патеката во деновите 11, 12 и 13.05.2012 година.
Дозволен е улов на видот крап а се бодуваат само примероците од 1 кг. и поголеми.

За учество на Првата Крапска Лига, за сите три кола се плаќа котизација во износ од 10.000 денари. Котизацијата се плаќа на две рати, првата рата во изнпос од 6.000 денари до 14.05.2012 год. а врората рата во износ од 4.000 дена. до 11.06.2012 год. Уплатата на котизацијата се врши на посебна жиро сментка која е наменета искучиво за натпревари.

Доколу поради недоволен број на пријавени екипи, Крапската Лигата не се одржи, уплатените средства ќе бидат вратени на РЗК кои ги уплатиле.
Доколку за натпреварот се пријават повеќе од 8 екипу котизацијата ќе биде намалена, сразмерно со бројот на пријавени екипи (ќе се намали износот на втората рата).

Согласно Пропзициите за натпревари во 2012 год. за најдобрите три екипи во Првата Крапска Лига следуваат: дипломаи, медали и пехари.
Согласно нацрт Правилникот за избор на репезентација, кој го подготви Натпреварувачка комисија, резултатите од Првата Крапска Лига ќе учествиваат за избор на екипа за учество на Меѓувародни натпревари во 2012 и 2013 година.


ПРОГРАМ - СААТНИЦА

ПЕТОК: - 18.05.2012 година
до 08,00 часот - Пристигнување на екипите и пријавување
од 08,00 до 08,15 часот - Извлекување за редослед и стартни места
од 08,15 до 09,00 часот - Подготовка за пристап на патека
09,00 часот - Пристап на патека ---------------------------------------------------- прв сигнал
10,30 часот - Тешка прихрана ------------------------------------------------------- втор сигнал
11,00 часот - Почеток на натпреварот -------------------------------------------- трет сигнал

НЕДЕЛА: - 20.05.2012 година
12,45 часот - 15 мин. пред крај на натпреварот ------------------------------- четврти сигнал
13,00 часот - Крај на натпреварот ------------------------------------------------- петти сигнал
14,00 часот - Соопштување на резултатите.

СУДИСКИ КОЛЕГИУМ:
Главен судија: -
Секретар: -
Судија: -
Судија: -

Пријавувањето за учестово на Првата Крапска Лига се врши писмено, најдоцна до понеделник 14.05.2012 година. Пријавата може да е изврши преку пошта на адреса: Македонска риболовна федерација, Бул. Кочо Рацин бр. 75, 1000 Скопје, преку факс на телегон бр. 02-3164-539 и преку електронска пошта на адредсата: contact@mrf1952.mk.

Регистрирањето на натпреварувачите и капитените и уплатата за спортската легитимација може да се изврши најдоцна до среда 12.05.2012 година. Натпреварувачите и капитените кои непоседуваат спортска легитимација ќе бидат одстранети од натпреварот и дисквалификувани.

Жиро сметка за уплата на котизацијата и спортска легитимација:
МРФ – Скопје - Спорт
300-0000032550-65, Комерцијална банка

За подетални информации сите заинтересирани можат да се јават во МРФ на тел. 02-3164-539 секој работен ден од 07.00-15.00 часот.


Прилог:
 Извод од Пропозициите за натпреварите во 2012 год. и
 Извод од Календарот за натпревари во 2012 год.



Натпреварувачка комисија Претседател:
Димче Мајковски


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛИГА 2012
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 19, 2012 11:55 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
Врз основа на член 39 од Статутот на Македонската Риболовна Федерација и член 9 од Правилникот за организирање на натпревари во спортски риболов на Република Македонија, Управниот одбор на МРФ на седницата одржана на ден 10.03.2012 година донесе


П Р О П О З И Ц И И
за натпревари во организација на МРФ во 2012 година


I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1
Со овие пропозиции поблиску се уредуваат прашањата во врска со организирањето на натпреварите од страна на МРФ и тоа:
1. Прва лига сениори – „Пливка“
2. Прва "Супер Лига" сениори - „Пливка“
3. Прва лига сениори – „Крап“
4. Државно првенство на Република Македонија
5. Куп на Република Македонија
6. Средби на спортски риболовци

Член 2
Натпреварите на кои се однесуваат овие пропозиции, во сите дисциплини и конкуренции, се одржуваат согласно Правилата и Правилникот за организирање на натпревари во спортски риболов во Р. Македонија.

Член 3
Со сите натпревари раководат:
≠ Организаторот (МРФ)
≠ Натпреварувачката комисија и
≠ Покровителот - спонзорот на натпреварот (доколку има )


II. ЛИГА НАТПРЕВАРИ

Член 4
Лига натпреварите го носат името:
- Прва спортско риболовна лига,
- Втора спортско риболовна лига
(доколку има спонзор и името на спонзорот)


Прва риболовна лига во дисциплина „Пливка“:

Член 5
Екипите во Првата спортско риболовна лига, во конкуренција сениори, за дисциплина „Пливка“ ќе бидат составени од по 5 натпреварувачи, 1 (еден) резервен натпреварувач и 2 (двајца) водачи на екипата.
Сите членови на екипите мора да бидат регистрирани спортски риболовци за 2012 год.
Циклусот на натпреварите за натпреварувачка 2012 година ќе трае 3 (три) кола така да секое коло претставува посебен натпревар и се одржува во еден ден.
Лига натпреварите во дисциплината „Пливка“ нема да се одржат докојку за истиот се пријават помалку од 6(шест) екипи.
Дозволен е прибор по слободен избор.

Член 6
Дозволена количина на прихрана, за лигата е 20 литри во влажна сотојба, плус до 2,5 литри мамки, од кои најмногу 1 литар ларва на комарец (верс де васе) и тоа за прихрана и мамки заедно.
Секој натпреварувач задолжително на натпревар да има марици за проверка на количина на мамки.

Член 7
Право на учество во Првата лига, за натпреварувачка 2012 година, имаат сите ЗСР, СРК, СРД, (скратено име за сите риболовни здруженија и клубови во понатамошниот текст е РЗК), со по една екипа доколку благовремено се пријават и ја платат пропишаната котизација за овој натпревар.

Член 8
Пресметувањето на резултатите ќе се врши согласно Правилата за натпревари во спортски риболов во Р. Македонија.

Член 9
Доколку во Првата лига во 2012 год. се натпреваруваат повеќе од 10 екипи, за наредната 2012 год. во Првата лига остануваат најдобрите 8 екипи додека останатите формираат Втора лига за натпреварувачката 2013 година.

Член 10
Најдобро пласираната екипа во Првата лига се стекнува со епитетот Државен првак на Р. Македонија во дисциплина „Пливка“ - сениори за 2012 година. Во поединечна конкуренција се стекнува со епитетот Првак на Првата Лига за 2012 година.


Супер риболовна лига во дисциплина „Пливка“:

Член 11
Натпреварите во "Супер Лигата" во конкуренција сениори, во дисциплина „Пливка“ ќе се одржат само во поединечна конкуренција.
Сите натпреварувачи мора да бидат регистрирани спортски риболовци за 2012 год.
Циклусот на натпреварите за натпреварувачка 2012 година ќе трае 3 (три) кола така да секое коло претставува посебен натпревар и се одржува во еден ден.
"Супер Лигата" во дисциплината „Пливка“ нема да се одржи докојку за истата се пријават помалку од 8 (осум) натпреварувачи.

Член 12
Дозволена количина на прихрана, за лигата е 20 литри во влажна сотојба, плус до 2,5 литри мамки, од кои најмногу 1 литар ларва на комарец (верс де васе) и тоа за прихрана и мамки заедно.
Секој натпреварувач задолжително на натпревар да има мeрици за проверка на количина на мамки.

Член 13
Право на учество во "Супер Лигата", за натпреварувачка 2012 година, имаат сите регистрирани спортски риболовци, членови на РЗК кои се членки на МРФ, доколку благовремено се пријават и ја платат пропишаната котизација за овој натпревар.

Член 14
Пресметувањето на резултатите ќе се врши согласно Правилата за натпревари во спортски риболов во Р. Македонија.
За пресметување на конечните резултатите во "Супер Лигата" се земаат најдобрите два резултати од трите кола. Тоа значи дека секој натпреварувач има право да одсуствува од учесво на ено коло од лигата. Одсуството на повеќе од едно коло повлекува дисквалификација.

Член 15
Доколку во "Супер Лигата" во 2012 год. се натпреваруваат повеќе од 20 натпреварувачи, за наредната 2013 год. во "Првата Супер Лигата" остануваат најдобрите 15 натпреварувачи додека останатите формираат "Втора Супер Лигата" за натпреварувачката 2013 година.

Член 16
Најдобро пласираниот поединец во "Супер Лигата" се стекнува со епитетот Првак на Супер Лига во дисциплина „Пливка“ - сениори за 2012 година.

Член 17
Од најдобро пласирани натпреварувачи во "Првата Лига" и "Супер Лигата" се избираат најдобрите поединци кои се стекнува со епитетот Државен првак на Р. Македонија во дисциплина „Пливка“ - сениори за 2012 година.


Лига натпревари во дисциплина „Крап“:

Член 18
Екипите во Првата спортско риболовна лига во дисциплината „Крап“ (популарно наречена „Крапска лига“), составени се од ДУА (2 натпреварувачи), еден резервен натпреварувач и водач на екипата .
Сите членови на екипите мора да бидат регистрирани спортски риболовци за 2012 год.
Дуо (екипа) составено од само еден натпреварувач нема право на настап.
Доколку екипата нема пријавено водач на екипата, неговата улога може да ја врши резервниот натпреварувач.
Право на учество имаат сите членка на МРФ со неограничен број екипи (дуа), доколку благовремено ги пријават и ја платат пропишаната котизација за овој натпревар.
Лига натпреварите во дисциплината „Крап“ нема да се одржат докојку за истиот се пријават помалку од 6(шест) екипи (дуа).

Член 19
Сите пријавени дуа, во натпреварувачката 2012 год. ќе учествуваат во Прва лига.
Циклусот на натпреварите за натпреварувачка 2012 година ќе трае 3(три) кола така да секое коло претставува посебен натпревар.

Член 20
Доколку во Првата лига во 2012 год. се натпреваруваат повеќе од 10 дуа, за наредната 2012 год. во Првата лига остануваат најдобрите 10 дуа додека останатите формираат Втора лига за натпреварувачката 2013 година.

Член 21
Секоја екипа (дуо) избира име под кое ќе се води во натпреварувачката документација.
Тоа име мора да го содржи името на РЗК во кое натпреварувачите се регистрирани и кое, според актите на МРФ, има право да учествува во системот на натпревари.
Доколку едно РЗК има пријавено повеќе екипи (дуа) на основното име се додава и реден број (на пр. ЗСР Пчиња- 1, ЗСР Пчиња- 2, ЗСР Пчиња-3 и т.н.).
Овие две компоненти го сочинуваат името на екипата (дуото).
На ова име може да се додадат и додавки како на пример име на евентуален спонзор, вид на риба, лични имиња и сл. (пр. Пчиња 1-крап, Пчиња 2-Тутун промет, Пчиња 3-Зоран и Ацо ... )
Мандат за учество во системот на натпревари за наредните години го остварува РЗК а не натпреварувачите.
За наредната година РЗК го задржува правото да ги промени натпреварувачите во екипата (дуото) но не може да го промени името (не сметајќи ги додавките).

Член 22
Пресметувањето на резултатите ќе се врши согласно Правилата за натпревари во спортски риболов во Р. Македонија.

Член 23
Најдобро пласираната екипа се стекнува со епитет Државен првак на Р.Македонија во дисциплината „Крап“ (крапски првак) за 2012 година.


III. ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО на РМ

Член 24
Право на учество на Државното првенство на Р.Македонија во дисциплината „Пливка“ за сениорки, јуниори/ки и кадети/ки имаат сите РЗК, членки на МРФ, со по една екипа, доколку благовремено ќе се пријават за натпреварот и ја платат пропишаната котизација за овој натпревар.
Сите членови на екипите мора да бидат регистрирани спортски риболовци за 2012 год.
Натпреварот нема да се одржи доколку се пријават помалку од 4 (четири) екипи во двете конкуренции (кадети и јуниори) или вкупно 8 екипи во двете конкуренции.

Член 25
Екипите во дисциплината „Пливка“ се составени од:
- Сениорки, јуниорко и кадетки - 3 (три) натпреварувачки и водач на екипа
- Кадети и јуниори - 4 (четири) натпреварувачи и 2 (двајца) водачи на екипа

Член 26
Пресметувањето на резултатите ќе се врши согласно Правилата за натпревари во спортски риболов во Р. Македонија.

Член 27
Најдобро пласираниот поединец и екипа се стекнува со епитет Државен првак на Р.Македонија во дадената дисциплина и дадената конкуренција за 2012 година.


IV. КУП НА РМ

Член 28
Купот на Р. Македонија во дисциплините „Пливка“, во конкуренција сениори/ки, се одржува во чест на националниот празник 2-ри Август и го носи името "КУП ИЛИНДЕН 2012".

Член 29
Купот на Р. Македонија, во дисциплините „Пливка“ во конкуренција јуниори/ки и кадети/ки, се одржува секоја година и го носи името "КУП РИБАРЧЕ 2012".

Член 30
Купот на Р. Македонија, во дисциплините „Крап“ во конкуренција на сениори, се одржува секоја година и го носи името "КУП КРАП 2012".

Член 31
Право на учество во дисциплината „Пливка“, во сите конкуренции имаат сите членки на МРФ со по една екипа, а во „Крап“ со неограничен број на екипи (дуа), доколку навреме поднесат пријава за екипите и ја платат пропишаната котизација за овој натпревар.

Член 32
Екипите се составени:
- Во дисциплина „Пливка“, конкуренција сениори, од 5 (пет) натпреварувачи, 2 (двајца) водачи на екипа и резервен натпреварувач,
- Во дисциплина „Пливка“, конкуренција сениорки, од 3 (три) натпреварувачки, водач на екипа и резервна натпреварувачка,
- Во дисциплина „Пливка“, конкуренција јуниори/ки и кадети/ки, од 4 (четири) натпреварувачи, 2 (двајца) водачи на екипа и резервен натпреварувач,
- Во дисциплината „Крап“, конкуренција сениори, од дуо (2 натпреварувачи), резервен натпреварувач и водач на екипа.

Сите членови на екипите мора да бидат регистрирани спортски риболовци за 2012 год.
Во дисциплината „пливка“ дозволен е прибор за ловење по слободен избор и улов на сите видови и големини на риби.
Натпреварите нема да се одржат доколку се пријават помалку од 4(четири) екипи во кадетска, јуниорска и конкуренција сениорки, а за конкуренција сениори најмалку 5 (пет) екипи во двете дисциплини за лов риба.

Член 33
Во сите дисциплини резултатите се утврдуваат само во екипна конкуренција, освен за избор за спортист на годината и избор на репрезентација каде се бодува и поединечниот резултат.
Најдобро пласираната екипа се стекнува со епитет Победник на Купот за 2012 година за дадената дисциплина и дадената конкуренција.


V. СРЕДБА на СПОРТСКИ РИБОЛОВЦИ

Средба на ВЕТЕРАНИ

Член 34
Средбата на ВЕТЕРАНИ во спортски риболов на Р. Македонија, во дисциплината „Пливка“, се одржува во екипна и поединечна конкуренција.
Право на учество имаат сите РЗК,членки на МРФ со право на учество до три екипи.
На оваа средба учество можат да земат и други екипи , доколку МРФ даде согласност за учество (пример екипа на МРФ и сл.)

Член 35
Екипите се составени од по 3 (три) натпреварувачи и водач на екипата и може да биде составена од мажи, жени или комбинирано.
Сите членови на екипите мора да бидат регистрирани спортски риболовци за 2012 год.
Членови на екипата можат да бидат само спортски риболовци кои во минатата година наполниле 60 години и повозрасни.
Дозволен е прибор за ловење по слободен избор и улов на сите видови и големини на риби.

Член 36
Победникот на средбата, екипата и поединецот, се стекнува со епитет Победник на средбата на ветерани во дисциплината „Пливка“ за 2012 година.


Средба на СПОРТСКО-РИБОЛОВНИ СУДИИ

Член 37
Право на учество имаат сите судии во спотрски риболов кои уплатиле чланарина за тековната 2012 година. На овој натпревар можат да учествуваат и членовите на УО и други лица членови на комисии, доколку се регистрирани спортски риболовци и натпреварувачката комисија за тоа донесе одлука.

Член 38
Натпреварот се одржува во дисциплина „Пливка“ во поединечна конкуренција.
Дозволен е прибор за ловење по слободен избор и улов на сите видови и големини на риби.

Член 39
Средбата на спортско-риболовните судии за секоја календарска година добива број според досега одржаните средби поради запазување на континуитетот.

Член 40
Победникот на средбата се стекнува со епитет Победник на Средбата на спортско-риболовните судии во дисциплината „Пливка“ за 2012 година.


VI. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 41
Пријавените РЗК за сите натпревари што ги организира МРФ, доколку неоправдано го откажат своето учество за натпревар, без оглед дали ќе ја известат натпреварувачката комисијата на МРФ или не, го губаат правото да учествуваат на натпревари за наредната година, во истиот ранг а можат да се натпреваруваат во понизок ранг.

Член 42
Екипи и поединци можат да настапат на меѓународни натпревари надвор од Државата само под услов да го пријават своето учество во МРФ најмалку 15 дена пред настапот.
Без добиена согласност од МРФ не смее да се учествува на тие натпревари. Во случај да земат учество на тие натпревари, без пријавување во МРФ, им се забранува секакво учество на натпреварите што ги организира МРФ во траење од 1 година (наредната натпреварувачка година).

Член 43
За сите натпревари се плаќа котизација а износот го одредува Натпреварувачката комисија на МРФ, за секој натпревар посебно.


Член 44
Овие пропозиции влегуваат во сила со денот на донесувањето.



Натпреварувачка комисија ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МРФ
Претседател: Димче Мајковски Проф. Д-р Васил Костов с.р.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛИГА 2012
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 19, 2012 1:04 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
:D :D :D :D abre spirka,, :D :D :D sakas i ti da pomognes.... :D

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛИГА 2012
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 19, 2012 1:20 pm 
Отсутен
Модератор

РегистриранCOLONВто Aвг 02, 2011 7:02 pm
МислењаCOLON3043
ЛокацијаCOLONСкопје
Ме интересира каде ке се лови на Дојранско, во кој дел?

_________________
ЗСРРК Мак Дам
ico baits НапишиCOLON
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛИГА 2012
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 19, 2012 1:22 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
martinMK НапишиCOLON
Ме интересира каде ке се лови на Дојранско, во кој дел?
на плажа :lol: :lol:

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛИГА 2012
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 19, 2012 1:57 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
martinMK НапишиCOLON
Ме интересира каде ке се лови на Дојранско, во кој дел?
Патеката ќе биде поставена на плажата во Стар Дојран.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛИГА 2012
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 19, 2012 6:37 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
krste1978 НапишиCOLON
martinMK НапишиCOLON
Ме интересира каде ке се лови на Дојранско, во кој дел?
Патеката ќе биде поставена на плажата во Стар Дојран.
Фала богу друго место за крапско такмичење од обала мислам и дека нема каде во Дојран ;)

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛИГА 2012
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 19, 2012 6:53 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
ico baits НапишиCOLON
:D :D :D :D abre spirka,, :D :D :D sakas i ti da pomognes.... :D
зајак да не мислиш за мене ???? оти имењаков ги прај овие објави не јас ????
--поздрав до имењакот :)

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛИГА 2012
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 02, 2012 10:05 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Кој го претставувал РИБАР 2011 на натпреварот на Истатов ???

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS13»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 48 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum