Согласно усвоениот Календар и Пропозициите за спортско-риболовни натпревари во 2012 година, Купот на Република Македонија „Куп КРАП 2012“ во дисциплината „крап“, во конкуренција сениори, ќе се одржи од 10-12.08.2012 година во Крушево, на акумулацијата Гумење.
Организатор: Македонска Риболовна Федерација.
Домаќин: СРД Мрена-Крушево.
Право на учество имаат сите риболовни здруженија и клубови (РЗК) кои се членки на МРФ, со неограничен број на екипи (дуа), доколку благовремено се пријават и ја платат пропишаната котизација за овој натпревар. Купот „ КРАП 2012“ нема да се одржи доколку се пријават помалку од 5 (пет) екипи.
Екипите ќе бидат составени од двајца (2) натпреварувачи, 1 (еден) резервен натпреварувач и 1 (еден) капитен на екипата.
Натпреварот ќе трае 50 часови.
Купот ќе се одржат согласно Правилата за натпревари, Правилникот за организирање на натпревари во спортски риболов во Р.М. и Пропозициите за Куп натпрeварите во спортски риболов.
Поради капацитетот на стазата бројот се ограничува на 10 екипи. Право на учество имаат екипите кои први ќе се пријават и уплатат котизација.
За учество на Купот „ КРАП 2012 “ котизацијата изнесува 3.500 денари по екипа (дуо). Уплатата на котизацијата се врши на посебна жиро сметка која е наменета искучиво за натпревари. Доколу поради недоволен број на пријавени екипи Купот не се одржи, уплатените средства ќе бидат вратени на здруженијата кои ги уплатиле.
Пријавувањето за учество на Купот „ КРАП 2012“ се врши писмено, најдоцна до вторник 07.08.2012 година.
Пријавата може да се изврши преку пошта на адреса:
Македонска риболовна федерација
Бул. Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје
преку факс на телефон бр. 02-3164-539 и преку електронска пошта на адредса:
contact@mrf1952.mk.
Пријавата преку пошта задолжително да пристигне до горе наведениот датум.
Уплатата на котизацијата, регистрирањето на натпреварувачите и капитените и уплатата за спортската легитимација може да се изврши најдоцна до понеделник 06.08.2012 година.
Жиро сметка за уплата на котизацијата и спортска легитимација:
МРФ - Скопје - спорт,
300-0000032550-65, Комерцијална банка
Согласно Пропозициите за организирање натпревари во 2012 год. резултатите од Купот „КРАП 2012“ ќе учествуваат за избор на екипи за учество на Меѓународни натпревари во 2012 и 2013 година.
НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА:
За првопласираните три екипи се доделува пехар со диплома, а за членовите на екипите и нивните водачи соодветни медали и дипломи.
Судиски колегиум:
1. Главен судија - Ристе Мицевски
2. Секретар - Димитар Ѓоргиев
3. Судија - Мартин Павлов
ПРОГРАМ - САТНИЦА
10.08.2012 год. (Петок)
08.00 часот: Пристигнување и пријавување на екипите,
08.10 часот: Извлекување на редослед и стартни броеви,
08.30 часот: Упатување према стартните места (боксовите),
09.00 часот: Пристап на патека и подготовка I сигнал
10.30 часот: Прихрана II сигнал
11.00 часот: Почеток на натпреварот III сигнал
12.08.2012 год. (Недела)
12.45 часот: 15 минути пред завршеток на натпреварот IV сигнал
13.00 часот: крај на натпреварот V сигнал
14.00 часот: Објавување на резултати и прогласување на победниците
За сите информации обратете се на тел. 02-3164-539
Натпреварувачка комисија
П р е т с е д а т е л
Димче Мајковски